Метрологија на геометриските карактеристики во функција на лабораториите за калибрација, производните и едукативните процеси

Kuzinovski, Mikolaj and Cichosz, Piotr and Zebrowski, Henryk and Fita, Stanislaw and Tomov, Mite and Trajchevski, Neven and Josifovski, Vasko and Tasev, Toni (2006) Метрологија на геометриските карактеристики во функција на лабораториите за калибрација, производните и едукативните процеси. [Project]

[img]
Preview
Text
P2.pdf

Download (1204Kb) | Preview

Abstract

Претставени се активностите кои се изведуваат при подготовка на лабораторија за калибрација на должини и агли за поднесување на пријава за исполнување на условите според стандардот ИСО 17025 за добивање на сертификат за акредитација. Преку анализа на стандардот ИСО 17025, а во зависност од претходно дефинираниот опсег за акредитација, се доаѓа до одлуката за потребниот број на процедури неопходни за реализација на предвидените активности усогласени со опсегот на акредитацијата. Воедно, се дефинира мерната опрема неопходна за изведување на процесот на калибрација, потребните метролошки карактеристики на мерната опрема и неопходната следливост на истата. Како резултат на погоре споменатите активности освен изработка на потребната документација за менаџмент со квалитетот во лабораторијата, неопходна е изработка и на документација која ќе го обезбеди соодветниот квалитет на изведување на калибрационите постапки (процедури), дефинирање иа методологија за определување на неодреденоста на резултатите од мерењето, како и потребата за подобрување на метролошките карактеристики на мерната опрема.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Mechanical engineering
Divisions: Military Academy
Depositing User: Neven Trajchevski
Date Deposited: 18 Dec 2019 13:17
Last Modified: 18 Dec 2019 13:17
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23154

Actions (login required)

View Item View Item