Битката на Марица од 25/26.09.1371 година

Iliev, Andrej (2010) Битката на Марица од 25/26.09.1371 година. Штит - Магазин на министерството за одбрана (13). pp. 42-43. ISSN 1857-6710

[thumbnail of 13-Shtit za UGD Maricka bitka od 1371 god..pdf]
Preview
Text
13-Shtit za UGD Maricka bitka od 1371 god..pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Навлегувањето на османлиската војска на Балканот почнало да се чувствува уште во текот на XI век кога Византија била тешко поразена во битката кај Манцикерт во 1071 година. По освојувањето на Галиполскиот Полуостров во 1351 година кај балканските народи се јавил голем страв од османлиите, особено по масовниот и енергичен продор на османлиите во Европа и на Балканот во текот на 1353 година, од Анадолија кон Румелија. Потоа османлиите поминале од Црното Море на југ, каде што првиот продор бил од север.
Османлиите брзо напредувале на Балканот, така што византискиот император Јоанис Палеоголус, го пратил конзулот, папата Винчи Урбан, да преговара со унгарскиот крал Лајош, како и со бугарскиот, со српскиот и со босанскиот крал за да ги здружат војските за борба против османлиите. Царот Урош, во мај 1371 година му го предал управувањето со Скопје на кралот Волкашин. Тој веднаш почнал со мобилизирање на војската. Најважни мобилизациски собиралишта биле: Скопје, Битола и Прилеп, а зборното мобилизациско место каде што за одредено време требало да се сретнат сите единици било во Овче Поле кај Штип. Во исто време, деспотот Јован Углеша извршил мобилизација во областите: Серес, Драма, Кавала и Мосинопол. Војниците биле вооружени со копја, со стрели, со сабји и со мечеви. Македонската војска предводена од Волкашин и Углеша уште посилно ја почуствувале османлиската опасност, бидејќи источната и јужната граница од неговата Серска област често биле напаѓани од османлиската војска. Неговата територија се простирала од реките Струма и Марица до езерото Порос во родопското крајбрежје со седиште во Серес. Војската на браќата Волкашин и Углеша претежно била од Македонија, при што различни извори различно ја наведуваат нејзината големина. Според некои извори здружената војска на двајцата браќа изнесувала околу 15.000 војници и била составена од пешадија и од коњаница вооружени со копја, со стрели, со сабји итн. Вечерта на 25-ти септември 1371 година во логорот на македонската војска пристигнале преговарачи кои нуделе секакви скапоцености за да се склучи примирје кое всушност и не било нивната главна цел. Нивната цел била да ја утврдат бројната состојба на македонската војска и да увидат дали сите војници се способни да војуваат. Откако утврдиле дека сите работи одат во нивна полза, односно дека војската била неспособна да војува бидејќи била под дејство на алкохол, како кулминација на сето тоа дошол одговорот на кралот Волкашин дека не сакаат од нив никакви скапоцености и дека не сакаат примирје. Врз основа на тие информации румелискиот беглербег и врховен војсководец, Лала Шахин-паша, применил тактика на ненадеен ноќен напад. Во раните утрински часови помеѓу 25/26 септември 1371 година од три различни правци ја обиколил логорската просторија, а потоа ненадејно ја нападнал. Во Маричаката битка од 25/26.09.1371 година катастрофално е поразена македонската војска предводена од Волкашин и Углеша, а потоа во наредните две децении Македонија целосно потпаѓа под османлиска власт, со освојувањето на последниот и најголем град Скопје во текот на 06.01.1391 година од страна на Јигит паша, кој во текот на 1392 година станува и негов управник.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Military Academy
Depositing User: Andrej Iliev
Date Deposited: 17 Dec 2019 11:23
Last Modified: 17 Dec 2019 11:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23130

Actions (login required)

View Item View Item