Одговорноста на администрацијата основен принцип во управната постапка

Denkova, Jadranka and Ananiev, Jovan and Stojanovski, Strasko (2019) Одговорноста на администрацијата основен принцип во управната постапка. In: Општествените промени во глобалниот свет Правен факултет Штип 2015, 03-05 Sept 2019, Stip, Macedonia.

[thumbnail of za repozitorium.pdf]
Preview
Text
za repozitorium.pdf

Download (398kB) | Preview
[thumbnail of Za repozitorium-332-344.pdf]
Preview
Text
Za repozitorium-332-344.pdf

Download (243kB) | Preview

Abstract

Генерално, одговорноста претставува однесување на физичко или правно лице според законски и морални норми и доколку истите бидат прекршени истото се казнува со одредени дисциплниски казни предвидени со закон. Во административното право тоа значи дека секој административен орган треба да биде одговорен за своите постапки пред друга административна, законодавна или судска власт. Тоа значи дека преку одговорноста се промовираат вредностите на еден систем, а тоа се: ефикасност,
ефективност, сигурност и предвидливост на јавната администрација. Посебна карактеристика на одговорноста во областа на административното право е тоа што таа
е обезбедена преку комплексен збир на формални процедури. Република Северна Македонија одговорноста на администрацијата ја кодифицира во Законот за административни службеници каде што е разграничена полесната и потешката повреда на работната должност како и начинот и постапката на докажување на дисциплинската
и материјалната одговорност на администрацијата и изрекувањето на дисциплинската мерка административните службеници при донесувањето на конкретните административни акти, решавањето на управните предмети во управните постапки, особено кога решенијата се ништовни или рушливи и
предизивикуваат материјална штета за државниот орган каде што се водела постапката.
Европските земји имаат јасни правила околу надоместувањето на штетата на граѓаните што ќе им биде нанесена поради непрофесионално и неодоговорно работење на администрацијата. Законот за административни службеници во Република Северна Македонија во одредбите за материјална одговорност укажува за надомест на штета што
ќе биде нанесена на трети лица граѓаните, ја надоместува органот на државната управа.
Прашањето е дали законодавство што ја регулира одговорноста на администрацијата треба да се менува во насока на воспоставување на јасни процедури и индикатори кои
ќе ја детектираат одговорноста на администрацијата поради непрофесионално и неефикасно работење, особено онаа што нанесува штета на граѓаните и на државниот орган. Методологијата на трудот се базира на анализа на законски и подзаконски акти, статистички показатели, како и резултати од досегашни истражувања релевантни за предметот на истражување. Во досегашната практика и анализа на државните органи се согледува дека има многу малку дисциплински постапки што се изречени над административните службеници, а за матријална одговорност на административните
службеници процентот е многу низок. Законодавецот ја оставил можноста на државниот секретар да ја преиначи одлуката на комисијата, што дава можност за
дискреционо одлучување на одговорното лице во институцијата. Законодавецот ја оставил можноста на граѓанинот да поведе постапка за молчење на администрацијата доколку не е решен предметот во рок од 30 дена, но внатре во државните органи нема
процедура со која се анализира брзината на решавањето на предметите. Тоа е еден аспект на одоворност на администрацијата дали навремено постапува и дали граѓанинот
трпи штета и од одоговлекувањето на постапката при решавањето на предметите. Се додека не постојат јасни индикатори кои ќе укажуваат на неефикасност на
администрацијата, како и одредби кои упатуваат на лична одговорност на администрацијата, каде што нанесената штета на граѓаните ја надоместува администрацијата, а не државата, неможема да говориме за ефикасно и одговорно
работење на администрацијата во Република Северна Македонија.
Клучни зборови: одговорност, дисциплинска, материјална, ефективност,
администрација

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jadranka Denkova
Date Deposited: 28 Nov 2019 09:47
Last Modified: 28 Nov 2019 09:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22979

Actions (login required)

View Item View Item