Трендови на движење на хепатит Ц, негов третман (лекување) и економски ефекти и консеквенции, со посебен осврт во Република Македонија

Nikolovska, Evgenija (2019) Трендови на движење на хепатит Ц, негов третман (лекување) и економски ефекти и консеквенции, со посебен осврт во Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Magisterski trud- Evgenija Nikolovska.pdf

Download (1620Kb) | Preview

Abstract

Хепатитис Ц е вирусна инфекција на црниот дроб. Оваа инфекција претставува глобален проблем бидејќи над 180 милиони луѓе во светот се со хроничен хепатитис тип Ц (околу 3% од светската популација). Највисока преваленца има меѓу интравенозните наркомани (околу 54%), вирусот може да се пренесе од мајка на дете во текот на породувањето (4-8%), понатаму вирусот се пренесува со медицински интервенции, ставање пирсови и со тетовирање. Во Република Македонија, во периодот од 2011 до 2017 година, регистрирани се 511 новоинфицирани од хепатит Ц, во вкупно 31 општина. Меѓу здравото население во Македонија забележани се 0,4% случаи позитивни на ХЦВ, додека меѓу ризичните групи се идентификувани 23%–52% луѓе позитивни на ХЦВ. Во Македонија, групи под најголем ризик од ХЦВ се: луѓето кои инјектираат/-ле дроги (со преваленца од 51,53%), луѓето кои се лекуваат со хемодијализа (со преваленца од 47,91%), луѓето кои со ХЦВ се инфицирале преку трансфузија (со преваленца од 14,81%), луѓето кои со ХЦВ се инфицирале на други ризични начини (со преваленца од 25%). Хепатит Ц вирусот е сериозен здравствен, но и економски проблем. Лекувањето на Хепатит Ц е скапо и поради тоа тешко достапно за луѓето мотивирани да се лекуваат од хепатит Ц. До 2011 година лечењето на болните со хроничен хепатит Ц се изведувало со комбинација на пегалиран интерферон алфа и рибавирин (двојна терапија) во тек од 24 или 48 недели. Со наведената терапија болните со ХЦВ генотип 1 развиле траен вирсолошки одговор околу 40% во Северна Америка и 50% во Западна Европа. Третманот со најновите лекови со директно дејство (ДААс) трае многу пократко, 12 до 24 недели, има најмалку несакани дејства и најголем процент на негативност (до 90%), но сè уште нема широка употреба (скапи се и во многу земји „Трендови на движење на хепатит Ц, негов третман (лекување) и економски ефекти иконсеквенции, со посебен осврт во Република Македонија“, Евгенија Николовска сè уште не се регистрирани). Пример, лекот Софосбувир е регистриран само во некои побогати држави, а третманот со него чини околу 84 000 американски долари (1 000 долари по пилула). Клучни зборови: хепатит Ц, преваленца, лекување, цена.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 11 Nov 2019 12:32
Last Modified: 11 Nov 2019 12:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22818

Actions (login required)

View Item View Item