Прва помош за наставници - прирачник

Kamceva, Gordana and Kamceva Panova, Lidija (2016) Прва помош за наставници - прирачник. .

[thumbnail of ПРВА ПОМОШ ЗА НАСТАВНИЦИ.pdf]
Preview
Text
ПРВА ПОМОШ ЗА НАСТАВНИЦИ.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Потребата од прва помош може да се случи во било кое време и на било кое место. Првата помош е значаен дел од секојдневниот живот, дома, на работа, во училиштата или во тек на слободните активности.
Првата помош претставува многу повеќе од знаење и вештини. Општинската организација на Црвен крст – Штип ја промовира првата помош како акт на хуманост, а со тоа и клучна одговорност за секој човек кој преку дадена квалитетна и навремена прва помош може да спаси човечки живот.
Општинската организација на Црвен крст -Штип повеке десетици години организира обука на населението за давање прва помош. Преку курсевите за теоретската и практична обука на кандидатите за возачи на моторни возила, вработени во работните организации и општата популација овозможува квалитетна едукација за пружање на прва помош. На тој начин се намалуваат компликациите од повредите, а се зголемува безбедноста на граѓаните.
Повредите во предшколската и школската возраст најчесто се како последица на различни падови во текот на слободни игри, тепачки, разни сообраќајни незгоди при што се појавуваат животно загрозени состојби, губење на свест, престанок на дишењето и работата на срцето, крвавење, шок, загушување, рани, скршеници на коски, шинување, исчашување, пригмечување, термички повреди, повреди на делови на телото со посебен третман, труења, каснувања и тн.
Одложувањето на третманот за само неколку
минути може да значи смрт. Секоја индивидуа треба да знае да пружи основна заштита до пристигање на службата за итна медицинска помош.
Предшколските и школските деца се особено склони кон покачување на телесната температура, вирусни инфективни заболувања, осипи и осипни трески, настинки, вирози, грип, алергии, шуга, вошливост и сл. поради што секој наставник потребно е да ги знае и препознае почетните знаци и симптоми, како и навремено да превземе соодветни мерки и постапки за надминување на истите.
Оваа книга им е посветивме на многуте талентирани и посветени наставници на кои, се надеваме, ќе им биде корисна во потрагата на инзворедност во првата помош и нега на нивните ученици, колеги, роднини и општата популација.
Постојаната фокусираност на наставниците врз добрата здравствена состојба на нивните ученици, им било инспирација на авторите да ве обезбедат со алатка која ќе ги олесни предизвиците на работењето и пружањето прва помош.
Прирачникот првенствено го наменивме за наставници во предшколски (градинки) и школски установи (основни и средни школи), детски домови, за родители, за тренери на спортски клубови, за туристички работници и за општата популација. Автори

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 19 Nov 2019 11:50
Last Modified: 19 Nov 2019 12:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22813

Actions (login required)

View Item View Item