Ставовите на наставиците за нивната потреба и подготвеност за професионален развој за работа во инклузивнa училницa

Petrovska, Sonja and Sivevska, Despina (2018) Ставовите на наставиците за нивната потреба и подготвеност за професионален развој за работа во инклузивнa училницa. In: Меѓународна научна конференција „Образованието на крстопат- состојби, предизвици, решенија и перспективи“, 10-11 Nov 2017, Bitola, Macedonia.

[thumbnail of Trud.pdf]
Preview
Text
Trud.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во последно време, во политичките и научно-стручните расправи посветени на развојот на целокупниот општествен дискурс се почесто поимот инклузија се користи како сублимат за да се искажат тенденции за хуманизација, демократизација, антидискриминација, еднаквост, интеграција и индивидуализација. Значи инклузијата повеќе не се третира само како образовен процес туку како највисока човекова вредност.
Инклузивното образование претставува сложена, софистицирана и моќна алатка со која може да се обезбеди социјална кохезија, а консеквентно на ова да се изгради инклузивно општество.
Иако сеуште за инклузивното образование се зборува како за контроверзна идеа, постојат бројни докази дека оваа контроверзност повеќе произлегува од разликите во толкувањето на концептите за практично имплементирање, отколку од научните показатели кои ја откриваат корисноста.
Постојат непобитни докази дека наставникот со сиот свој личностен, професионален и морален капацитет има значајно влијание врз квалитетот на резултатите од воспитно-образовниот процес.
Во трудот се презентирани дел од резултатите од едно пообемно истражување реализирано во 2016 година, на примерок од 74 наставници од четири градски основни училишта (3 во Штип и 1 во Скопје). Во рамки на предметот на ова истражување, преку дескриптивна експликација на дел од емпириски добиените податоци се обидовме да одговориме на прашањето: Кои се потребите и колку наставниците се подготвени/мотивирани за професионално усовршување во различни подрачја на инклузивното образование? Наодите од ова истражување се оптимистички, но ги откриваат и клучните подрачја во кои е потребно да се интервенира при дизајнирање и развој на инклузивниот модел на образование.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Uncontrolled Keywords: инклузивна настава, професионализација, мотивација
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Despina Sivevska
Date Deposited: 05 Nov 2019 13:28
Last Modified: 05 Nov 2019 13:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22773

Actions (login required)

View Item View Item