Развојот на културата под влијание на комуникациските медиуми

Koceva, Daniela and Mirascieva, Snezana (2018) Развојот на културата под влијание на комуникациските медиуми. In: Третата меѓународна научна конференција ФИЛКО (филологија, култура, образование), 26-27 Apr 2018, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
FILKO2018.pdf

Download (470Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
FD.pdf

Download (4090Kb) | Preview

Abstract

Културата претставува највисок израз на човечкото творештво, кое повеќе или помалку е условено од општествените и историските околности. Таа претставува модел на живеење што е заеднички за сите луѓе, а кој во себе ги вклучува вредностите, нормите, обичаите, правилата на однесување, знаењето и технологијата, јазикот, уметноста. Таа постои за да ги задоволи основните биолошки, психолошки и општествени потреби на поединците. Глобализацијата доведе до интензивно мешање на народите и културите, предизвика процеси на масовни миграции, што доведе до формирање на општества со многу различни култури. Културната разновидност во рамките на една заедница често доведува до судири кои произлегуваат од различните вредности, убедувања, верувања. Како да се надмине бариерата и прифати различноста за развој на културите и целокупното општество е комплексно прашање, но истото ќе биде анализирано во овој труд можеби само од еден аспект а тоа се комуникациските медиуми. Обидите да се создаде симбиотична врска меѓу комуникацијата, културата и медиумите иницира неколку прашања како која е нивната врска, која е функцијата на комуникациските медиуми и каква е нивната улога во процесот на развој на културата. Клучни зборови: култура, комуникација, медиуми, дијалог, соработка.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 24 Oct 2019 10:37
Last Modified: 24 Oct 2019 10:37
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22697

Actions (login required)

View Item View Item