Имунопрепарати во терапија и превенција на мигрена кај возрасни

Arsov, Marija and Gjorgieva Ackova, Darinka (2019) Имунопрепарати во терапија и превенција на мигрена кај возрасни. Farmacevtski informator, 52. pp. 34-39. ISSN 1409-8784

[img]
Preview
Text
Farmacevstki-informator_broj_52_juli_2019_web.pdf

Download (7Mb) | Preview
Official URL: http://www.fk.mk/farmacevtski-informator-broj-52/

Abstract

Бидејќи мигрената претставува едно од најчестите заболувања кои водат до невролошки инвалидитет во светот и поради нејзината зачестеност од една страна и недостатокот на соодветна терапија од друга, се налага потребата од откривање на нови начини за превенција и третман на истата. Имено, како нова група лекови против мигрена во моментов се испитуваат лекови кои функционираат на принцип на блокирање на пептидот поврзан со калцитонин генот – CGRP или блокирање на неговиот рецептор. До денес се развиени две различни класи на лекови кои го блокираат CGRP: - мали молекули-CGRP рецепторни антагонисти (гепанти) и - моноклонални антитела, насочени кон CGRP пептидот или кон CGRP рецепторот. Ефектите на гепантите и моноклоналните антитела се комплементарни едни на други, но двете класи нудат различни терапевтски предности. Потребни се дополнителни студии за да се испитаат детално терапевтските ефекти, како и ефикасноста и безбедноста на овие нови групи на лекови особено при долготрајна употреба и кај специфични ризични групи пациенти. Резултатите од клиничките студии од кои повеќето треба да завршат до крајот на оваа година, несомнено ќе дадат голем придонес. Претпоставуваме дека овие две нови класи лекови за третирање и профилакса на мигрена набрзо ќе влезат како опција во сите протоколи за лекување на мигрената.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Darinka Gorgieva Ackova
Date Deposited: 22 Oct 2019 09:11
Last Modified: 22 Oct 2019 09:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22693

Actions (login required)

View Item View Item