Креирање на стратегиска конкурентска предност

Veselinova, Elena and Atanasovski, Viktor (2019) Креирање на стратегиска конкурентска предност. Годишен зборник, Економски факултет, 17. pp. 107-118. ISSN 1857-7628

[img]
Preview
Text
Sodrzina.pdf

Download (325Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Trud VA.pdf

Download (852Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE

Abstract

Во фокусот на овој труд е анализата на креирањето на конкурентска предност, како предуслов за стратегиски-долгорочен опстанок на организацијата во услови на совршена конкурентска структура на пазарот. Главната дел е да се дефинира и сублимира потребата за разбирање на натпреварот, како и на потрошувачите преку истражување на натпреварот, согледување на основите на конкурентската маркетинг стратегија, базирана врз креирање на вредности за потрошувачите, како и воочување на потребата од балансирање на ориентациите на потрошувачите и конкурентите во изградувањето на вистинска пазарно-ориентирана организација. Резултатите од истражувањето водат кон заклучок во кој се потенцира дека денешните компании се соочуваат со најтешката конкуренција досега. Разбирањето на клиентите е важен прв чекор во развивањето на врски со клиентите, но тоа не е доволно. За да добијат конкурентска предност, компаниите мораат да го употребат ова разбирање за да дизајнираат понуди на пазарот кои носат поголема вредност од оние на конкурентите кои се борат за истите клиенти. Конкурентската интелигенција нуди големи предности во областа на развивањето на производите. Познавањето на напредокот на производите, процесите и технологијата на конкурентите е многу корисно во конкурентскиот пазар. Трговската тајна, информација која создава вредност за компанијата бидејќи останува тајна, често создава голема љубопитност кај конкурентите. Компаниите понекогаш одат далеку да ги откријат овие тајни. Тие развиваат техники за да дојдат до информации, понекогаш на границите на етиката и законот.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: стратегии, програми, тактики, клиенти, конкуренти, пазар, маркетинг
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Elena Veselinova
Date Deposited: 27 Sep 2019 09:16
Last Modified: 27 Sep 2019 09:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22600

Actions (login required)

View Item View Item