Развојот на културата под влијание на комуникациските медиуми

Koceva, Daniela and Mirascieva, Snezana (2018) Развојот на културата под влијание на комуникациските медиуми. Зборник на трудови од Третата меѓународна научна конференција ФИЛКО (филологија, култура, образование). ISSN ISBN: 978-608-244-593-9

This is the latest version of this item.

[img]
Preview
Text
FD.pdf

Download (4090Kb) | Preview

Abstract

Културата претставува највисок израз на човечкото творештво, кое повеќе или помалку е условено од општествените и историските околности. Таа претставува модел на живеење што е заеднички за сите луѓе, а кој во себе ги вклучува вредностите, нормите, обичаите, правилата на однесување, знаењето и технологијата, јазикот, уметноста. Таа постои за да ги задоволи основните биолошки, психолошки и општествени потреби на поединците. Глобализацијата доведе до интензивно мешање на народите и културите, предизвика процеси на масовни миграции, што доведе до формирање на општества со многу различни култури. Културната разновидност во рамките на една заедница често доведува до судири кои произлегуваат од различните вредности, убедувања, верувања. Како да се надмине бариерата и прифати различноста за развој на културите и целокупното општество е комплексно прашање, но истото ќе биде анализирано во овој труд можеби само од еден аспект а тоа се комуникациските медиуми. Обидите да се создаде симбиотична врска меѓу комуникацијата, културата и медиумите иницира неколку прашања како која е нивната врска, која е функцијата на комуникациските медиуми и каква е нивната улога во процесот на развој на културата. Клучни зборови: култура, комуникација, медиуми, дијалог, соработка.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 27 Sep 2019 08:16
Last Modified: 27 Sep 2019 08:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22576

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item