Продор на современиот концепт за сурогатство низ државната легислатива

Doneva, Natasa (2018) Продор на современиот концепт за сурогатство низ државната легислатива. Student's Social Science Journal, 4 (5). pp. 39-49. ISSN 2545-4021

[img]
Preview
Text
Донева Наташа Коцева Анастазија.pdf

Download (1260Kb) | Preview

Abstract

Во Република Македонија неодамна се роди првото дете зачнато со БПО – постапка, а родено од жена – гестациски носител (сурогат – мајка). Ова е една новина во законодавството на Република Македонија кога со измените и дополнувањата на Законот за биомедицинксо потпомогнато оплодување од 2014 година е воведен овој начин на „создавање на семејство“. Сепак, во Република Македонија како една поконзервативна земја, од една страна е зачудувачки стапувањето на сила на ваквите одредби и нивната примена во пракса, а од друга страна донесувањето на ваквите измени и дополнувања како да не беше доволно медиумски покриено. При понатамошното образлагање во овој труд воопшто нема да заземеме конзервативно гледиште за тоа дали воведувањето на сурогат мајчинството е оправдано или не, туку максимално ќе се потрудиме на еден објективен начин да ги образложиме позитивните и негативните страни на овој концепт. Сурогатството претставува метод на асистирана репродукција која има помага на потенцијалните родители да основаат семејство кога на друг начин тоа не можат да го сторат. Генерално, се разликуваат два вида на сурогатство: традиционално и сурогатство од мајка – гестациски носител. Низ трудот подетално ќе бидат разгледани овие два вида на потпомогнато оплодување. Засега во Република Македонија е дозволен вториот начин на потпомогнато оплодување, а што се однесува на комерцијалниот аспект, е дозволено само алтруистичкото сурогатство. Но, не секаде во светот е така. Потребна е поголема анализа на правните поредоци на одредени држави, законодавства, како и културниот момент кој во одредени случаи бил пресуден за прифаќање или забрана на овој концепт. Понатаму, тука е и етичкиот момент и како и казнено-правниот момент кој во одредени општества доминира, па ваквиот начин на репродукција е забранет, а доколку дојде до практицирање може да се подведе под битието на кривичното дело трговија со луѓе. Феминистичкото гледиште е подеднакво релевантно, како и другите аспекти бидејќи живееме во општество во кое сè уште во пракса немаме некое однесување кое би потенцирало родова рамноправност. Во трудот конкретно ќе бидат образложени и условите и постапката за овој начин на биомедицинско потмогонато оплодување во Република Македонија, како и нашите лични гледишта на темава. Сметаме дека за потполно прифаќање на овој концепт и стремејќи се кон либерализација на и на така либералниот Закон за биомедицинско потпомогнато оплодување, потребно е да ги „согледаме“ и двете страни на медалот, јасно да ги осознаеме позитивните страни но внимание да обратиме и на сите негативности, сакајќи да избегнеме определено сценарио кое наликува на дистописко општество креирано во литературниот свет на Маргарет Етвуд, за да на крај би можеле да извлечеме еден рационален заклучок, кој ќе оди во прилог на општото добро. Клучни зборови: БПО, мајчинство, законодавство, ембрион, гестациски носител

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Natasa Doneva
Date Deposited: 25 Sep 2019 09:21
Last Modified: 25 Sep 2019 09:21
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22561

Actions (login required)

View Item View Item