Боите на криминалот

Doneva, Natasa (2018) Боите на криминалот. Student's Social Science Journal, VI (6). pp. 35-47. ISSN 2545-4021

[thumbnail of Донева Наташа.pdf]
Preview
Text
Донева Наташа.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Криминалот вкоренет во секое општество, сенка која фрла темна дамка на секој историски запис, придружник на секоја власт, составен дел на организираните групи... Криминалот е како непресушен извор, колку и да се обработува оваа проблематика, сепак никако да завршат напливот на нови информации поврзани со modus operandi, со новите техники и методи на работа, никако да се затвори мрежата инфилтрирана во мистеријата наречена криминалитет, која за да пркоси само дополнително се разгранува, инволвирајќи сè поголем број континенти, држави, градови... Криминалот како инспирација за многубројните филмови со крвавата тематика, како муза на милионските тиражи за книги со темна содржина. Криминалот манифестира толку многу работи, сè, само не очигледен мотив за да се стави крај на сценаријата кои истиот ги предизвикува. Или можеби широк спектар од различни профили имаат бенефит од рапидниот раст на криминалот? Можеби не само поединци туку огромни коорпорации се или марионети, или пиони во глобалните политики, или истите се дел од нејзините креатори? Толку многу прашања предизвикува оваа проблематика, а толку малку одговори се достојни да се исправат пред предизвикот наречен спречување на корупција и анулирање на штетените последици предизвикани од истата. Интенцијата на овој труд е да ги опфати новите т.е. поновите облици и форми на криминал или поинаку речено старите криминални активности облечени во ново руво, со здобиена нова етикета и нов назив. Имено во рамките на неконвенционалниот криминал, меѓу другото постојат облици на криминал класифицирани како криминал на бели, сини, розеви јаки, црвен криминал и секако (не)експонираниот зелен криминал. Што значат овие бои, зошто токму боја е тоа што се поврзува за некој вид на криминал, која е симболиката, какво е значењето, кои се методите за превенција, дали тие методи се доволни да парираат на енормините штети што ги предизвикуваат овие класи на криминал... Овие и многу други прашања ќе бидат обработени во овој труд сè со цел да се долови структурата на криминалот, неговата еволуција, прекривањето. Клучни зборови: инкриминации, неконвенционален криминал.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Natasa Doneva
Date Deposited: 24 Sep 2019 13:17
Last Modified: 24 Sep 2019 13:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22558

Actions (login required)

View Item View Item