Блаже Конески – „Земјата и љубовта“ (1948) – за колективниот менталитет и националното себесознание

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2018) Блаже Конески – „Земјата и љубовта“ (1948) – за колективниот менталитет и националното себесознание. Spektar. ISSN 0352-2423

[img]
Preview
Text
Lusi trud Spektar br 72 2018.pdf

Download (514Kb) | Preview

Abstract

Стихозбирката „Земјата и љубовта“ (1948) за која годинава македонската културна и научна јавност обележува 70 години од првото публикување, според мотивите на 13-те песни покажува доминантно патриотска настроеност. Заправо, мотивите на песните се татковински, а идејата патриотска. Како и да се изразиме, можеби нема да речеме ништо ново по однос на раната поезија на великанот на македноската култура на 20 – от век – Блаже Конески. Такво е чувството, таков е впечатокот кога треба да се „толкува“ Конески, иако секој повторен пристап кон неговата поезија одново возбудува. Предизвикува и никогаш не е ниту напорно ниту здодевно. Оваа статија прави обид за пристап кон колективниот (читај: националниот, македонски) менталитет во 13-те песни од поетската книга „Земјата и љубовта“, каква што е таа во своето издание од 1981 - та година. Анализата не подразбира третман на татковинскиот мотив, зашто тоа на македонскиот читател му е познато уште од неговите рани училишни години. Нашиот напор се сведува на приказ и третман барем на по една строфа од секоја песна во оваа поетска книга, според тоа колку во неа, во нејзините стихови е „видлив“ македонскиот национален менталитет. Немаме повисока амбиција освен да покажеме дека националниот менталитет присутен, односно сеприсутен, овде, во „Земјата и љубовта“ е всушност само оддглас, само реакција на поетовото високо национално себесознание.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 23 Sep 2019 11:46
Last Modified: 23 Sep 2019 11:46
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22548

Actions (login required)

View Item View Item