Значењето на книжевниот текст како процес

Mladenoski, Ranko (2019) Значењето на книжевниот текст како процес. Палимпсест, IV (7). pp. 273-284. ISSN 2545-3998

[img]
Preview
Text
Mladenoski trud Pal br 7 za Tekstovni procesi.pdf

Download (4Mb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL

Abstract

Овој труд претставува осврт кон една значајна книга на нашиот афирмиран автор Венко Андоновски чијашто актуелност останува и до денес, пред сѐ, поради тоа што во неа се елаборираат суштински прашања од теоријата на книжевноста и книжевната критика што се однесуваат на процесот на откривањето на значењето на книжевните дела, но и поради тоа што во книгата се дадени и мошне успешни и проникливи интерпретации на голем број македонски книжевни дела од повеќе наши автори. Станува збор, имено, за книгата со наслов „Текстовни процеси“ составена од четири дела во кои се соочуваме со бројни есеи и книжевни анализи. Во нашиот осврт подетално се опишуваат и се појаснуваат методите со чија помош Андоновски ги врши книжевно-теориските и книжевно-критичките елаборации, но и се нудат вредносни судови за текстовите што се објавени, односно преобјавени во оваа книга. Во заклучокот од трудот се нагласува дека книгата „Текстовни процеси“ на Андоновски нуди мошне интересни тези за општиот пристап во откривањето на значењето и на смислата на книжевното дело, но и мошне солидни и демонстративни практични анализи на конкретни книжевно-уметнички текстови коишто на внимателниот читателот ќе му отворат нови видици во стекнувањето на толкувачките вештини, а токму тоа ја прави оваа книга актуелна и привлечна и за денешната стручна читателска публика.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 12 Sep 2019 08:42
Last Modified: 12 Sep 2019 08:42
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22473

Actions (login required)

View Item View Item