Цервикален карцином – статистичка анализа на ниво на Република Македонија во период 2001-2017

Stojanoska, Tanja and Dishoski, Blagojche and Zhu, Jihe and Arsovska, Blagica and Kozovska, Kristina (2019) Цервикален карцином – статистичка анализа на ниво на Република Македонија во период 2001-2017. In: Втор Конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2019, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Книга на апстракти .pdf

Download (5Mb) | Preview
[img]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Cervikalen karcinom.pdf

Download (204Kb) | Preview

Abstract

Карцином на грло на матка е болест во која клетките на грлото на матката стануваат абнормални и почнуваат да растат неконтролирано, формирајќи карцином. Во Република Македонија цервикалниот карцином се наоѓа на второ место од најчести малигни неполазми кај жени. Цел - Целта е да се добијат резултати од анализираните регистрирани случаи на карцином на грло на матка, бројот на починати пацентки, бројот на направени ПАП тестови, бројот на цитолошко анализирани ПАП тестови и бројот на откриени клеточни абнормалности. Материјали и методи – Користени се податоци од Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија и Центар за Јавно Здравје Струмица во период од 2001 -2017 година. Резултати - Најголем број на случаи се регистрирани во 2001 година со 387 случаи, најмал број на регистрирани случаи има во 2007 година со регистрирани 218 пацентки. На територијата на градот Струмица има регистрирано вкупно 45 нови случаи со карцином на грло на матка за временскиот период 2013-2017 гоодина. Вкупниот број на починати жени во период од 2008 до 2016 е 327. Во просек секоја година умираат по 36 жени. Вкупниот бројот на направени ПАП тестови е 150620 од вкупно 1991563 пацентки. Најголем број на цитолошки анализирани ПАП тестови биле направени во 2016 година со 37589 анализи а најмал број во 2012 со 15609 анализи. Заклучок - Бројот на ново регистрирани случаи со карцином на грло на матка и бројот на починати жени од истото е во тенденција на опаѓање. Причината за ова е воведување на превенција за спречување на појава на цервикален карцином.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Yihe Zhu
Date Deposited: 24 Jul 2019 08:52
Last Modified: 24 Jul 2019 08:52
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22280

Actions (login required)

View Item View Item