Карцином на бели дробови – Статистичка анализа на податоци на ниво на Р. Македонија и општина Струмица во период 2013-2017

Kamceva, Fidanka and Lazarevska, Mateja and Zhu, Jihe and Arsovska, Blagica and Kozovska, Kristina (2018) Карцином на бели дробови – Статистичка анализа на податоци на ниво на Р. Македонија и општина Струмица во период 2013-2017. In: Втор Конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2019, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Книга на апстракти .pdf

Download (5Mb) | Preview
[img]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Karcinom na beli drobovi.pdf

Download (212Kb) | Preview

Abstract

Карциномот на белите дробови се вбројува во најчестите и најсмртоносните малигноми насекаде во светот. Глобалниот пораст на ициденцата на карциномот на белите дробови заедно со фактот дека вкупното петогодишно преживување на пациентите со оваа болест е помало од 15%, ја нагласува големината на епидемијата на карциномот на белите дробови. Цел - Да се анализира и да се утврди вкупниот број на починати пациенти од карцином на белите дробови во Република Македонија и во општина Струмица, да се утврди вкупниот број на дијагостицирани пациенти со карцином на белите дробови и да се одреди во кој период од животот најчесто се јавува. Материјали и методи – Користени се податоци од Центарот за Јавно Здравје Струмица и Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија во период од 2013-2017 година. Резултати - Во Струмица во период од пет години се дијагностицирани вкупно 265 лица со карцином на белите дробови. Застапеноста на карциномот на белите дробови во текот на петте години е поголема кај машкиот пол и изнесува вкупно 213 заболени. Најмногу дијагностицирани со карцином на белите дробови има на возраст од 53-59 години и од 60-66 години. Заклучок - инциденцата на карцином на белите дробови во Република Македонија е релативно голема, и тоа со почеста застапеност кај лицата од машкиот пол. Исто така голем проблем во нашата земја преставува доцната дијагностика на карциномот на белите дробови и отежнетото лекување. Според тоа неопходно е да се препознае тежината на болеста и соодветно да се третира.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Yihe Zhu
Date Deposited: 24 Jul 2019 08:48
Last Modified: 24 Jul 2019 08:48
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22279

Actions (login required)

View Item View Item