Застапеност на ендодонтскиот третман во релација со различните групи на заби

Kovacevska, Ivona and Longurova, Natasa and Zlatanovska, Katerina (2019) Застапеност на ендодонтскиот третман во релација со различните групи на заби. In: Knowledge - International Journal Scientific and applicative papers Vol 19.4, 29-31 March 2019, Vrnjacka Banja, Serbia.

[img]
Preview
Text
Nate Vrnjcka Banja 2019.pdf

Download (397Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Separat od kniga na apstrakti od Vrnjacka Banja.pdf

Download (656Kb) | Preview

Abstract

Кариесот претставува најзастапено заболување во хуманата популација и доминантен етиолошки фактор за појава на патолошки заболувања на денталната пулпа. Во доменот на ендодонтската наука, е и терапијата на заболувањата на пулпата и апикалниот пародонт, односно ендодонтскиот третман се реализира при сите патолошки состојби на пулпното ткиво. Целта на ова испитување ни беше да направиме анализа на застапеноста на ендодонтскиот третман во релација со различните групи на заби, дистрибуцијата во вилиците и според полот, како и етиолошките фактори кои довеле до ваквата терапија. Во функција на реализација на поставените цели, во испитувањето во период од една година, во две стоматолошки ординации во Штип, на вкупно 142 заби беа земени анамнестички податоци, и беше направен стоматолошки преглед. Резултатите од спроведеното истражување покажаа дека првиот мандибуларен молар претставува заб кој е најчесто ендодонтски третиран, а кариесот, е примарен етиолошки фактор за заболувањата на денталната пулпа. Забите во максилата се по подложни на ендодонтски третман. Од анализата на добиените вредности во испитувањето, респектирајќи ја водечката премиса во медицината, “подобро е да се спречи од колку да се лечи”, примарно треба да се превенира појавата на кариесот со цел намалување на инциденцата на ендодонтскиот третман и зачувување на оралното здравје, како дел од целокупното здравје кај хуманата популација.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 15 Jul 2019 08:42
Last Modified: 15 Jul 2019 08:42
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22224

Actions (login required)

View Item View Item