Определување на органски и неоргански киселини во црвени вина со капиларна електрофореза

Lelova, Zorica (2019) Определување на органски и неоргански киселини во црвени вина со капиларна електрофореза. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
ВОВЕД -Zorica Lelova - nov.pdf

Download (1119Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Дел1-Крајна-05.07.2019 - nov.pdf

Download (298Kb) | Preview

Abstract

Производството на вино во Република Македонија има долга и значајна историја. Македонските вина се одликуваат со интензивни ароми кои се резултат на комбинираното влијание на две клими, медитеранска и континентална. Според климатските карактеристики и класификација на Европската Унија, Република Македонија е поставена како III-C-b, зона за одгледување винова лоза, бидејќи ги исполнува енолошките правила кои се однеусваат на оваа зона (Нацрт-стратегија, 2010-2015, МЗШВ). Во Македонија постои лозарски реон кој географски може да се подели во три региони: 1) Вардарска долина или Централниот Регион (Повардарски лозарски реон), која опфаќа околу 83 % од вкупното производство; 2) Западен Регион (Пелагониско-Полошкиот лозарски реон), опфаќа 13 % од производството и 3) Источниот Регион (Пчињско-Осоговски лозарски реон) кој опфаќа околу 4 % од вкупното производство. Овие три региони се поделени во 16 подрегиони (виногорја) кои се карактеризираат со различни производствени услови и интензитет на производство. Најголемо е производството на винско грозје и вино во Тиквешкиот Регион кој ги опфаќа сите области погодни за култивација на винско грозје во општините Кавадарци, Неготино и Демир Капија, како и делови од општините Прилеп и Велес. Климатските услови во Тиквешкиот Регионот овозможуваат успешно одгледуванје на различни сорти винско грозје со сите фази на зреење на грозјето. Главни сорти што се одгледуваат во регионот се црвените: вранец, мерлот, каберне совињон, пинот ноар и кадарка, белите: шардоне, белан, мускат, ризлинг, совињон бланк, семилон, смедеревка, ркацетели, мускат отонел,

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 11 Jul 2019 06:54
Last Modified: 11 Jul 2019 06:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22187

Actions (login required)

View Item View Item