Висцерална лајшманијаза кај пациентка со аортокоронарен бајпас трансплант и хепатитис Ц

Zisovska, Elizabeta and Kalcev, Goce (2019) Висцерална лајшманијаза кај пациентка со аортокоронарен бајпас трансплант и хепатитис Ц. In: Втор конгрес на студенти по Општа медицина УГД, 10-11 May 2019, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Abstract-Visceral Leshmaniasis.pdf

Download (353Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Agenda i sodrzina Kongres UGD.pdf

Download (3056Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Зисовска, Калцев, постер.pdf

Download (144Kb) | Preview
Official URL: http://ugd.edu.mk

Abstract

Вовед: Висцералната лајшманијаза предизвикана од паразитот Leishmania Donovani е важна причина за морбидитет и морталитет во светски рамки. Приказ на случај: 56 годишна жена од Скопје беше упатена на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби за менаџирање на висцерална лајшманијаза. Оваа пациентка пред 10 години била примена на Клиниката „Филип Втори" поради срцев удар. Бил вграден аортокоронарен бајпас трансплант. Пациентката почнала да се жали на силни главоболки, кахексија и печење при мокрење. Потоа, имала висока температура која не се симнувала со антипиретици и антибиотици. Обично, температурата се зголемувала и намалувала за половина до еден степен. По неколку дена, пациентката се жалела на болка во абдоменот, особено изразена под ребрата од обете страни. Почнале да се појавуваат и петехии. Претходно, има дадено податоци дека била една година во Истанбул и Барселона. Биопсијата на коскената срцевина довела до сознание за изобилство на амастиготни форми на Leishmania donovanani. На општ физикален преглед пациентката имала иктерус, цијаноза и лимфаденопатија. На абдоминален преглед, црниот дроб и слезината биле зголемени паралелно со петехијални крварења на градите и стомакот. Следните патолошки наоди беа забележани на контрасна КТ: асцит, 2-3 значително зголемени лимфни жлезди, мноштво проширени лимфни јазли во областа околу coeliac trunk и во параоорталната област, зголемен црн дроб, плеврален излив од десната страна. Дијагнозата на лајшманиозата претставува предизивик. Диференцијално дијагностичката палета вклучува болести како: маларија, тифусна треска, тифус и шистозомијаза. Дијагнозата треба да биде потврдена со микроскопска идентификација на паразитот од земено биоптично ткиво на црниот дроб, слезината или коскената срцевина или преку откривање на ДНК на Leishmania во крвта со PCR. Таа веднаш била ставена на терапија со петовалентен антимон (Amphotericin B). Забележано е и мозочно крварење. Пациентката егзитирала после четири недели. Резултати: Следниве патолошки вредности беа забележани при лабораториските испитувања: СЕ 37 mm/h; триглицериди 2.77 mmol/l; AST 140,0 U/L; ALT 71,0 U/L во меѓувреме и лабораториски позитивен резултат за присуство на Хепатит C вирусот. Хематолошките испитувања покажаа панцитопенија и нивото на хемоглобин од 7 g/dl (тешка анемија); Заклучок: Затоа, овој случај го пријавуваме како многу ретка презентација која наложува понатамошно истражување на оваа тема. Клучни зборови: лајшманијаза, протозоа, хепатитис Ц.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elizabeta Zisovska
Date Deposited: 25 Oct 2019 08:29
Last Modified: 25 Oct 2019 08:29
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22022

Actions (login required)

View Item View Item