Фактори кои влијаат врз растот и развојот на детето во критичниот период

Zisovska, Elizabeta (2019) Фактори кои влијаат врз растот и развојот на детето во критичниот период. In: Vtor Kongres na studenti po opsta medicina, 10-11 May 2019, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Agenda i sodrzina Kongres UGD.pdf]
Preview
Text
Agenda i sodrzina Kongres UGD.pdf

Download (3MB) | Preview
[thumbnail of Zisovska-plenarno predavanje.pdf]
Preview
Text
Zisovska-plenarno predavanje.pdf

Download (341kB) | Preview
[thumbnail of Zisovska-PPT UGD.pdf]
Preview
Text
Zisovska-PPT UGD.pdf

Download (2MB) | Preview
Official URL: http://ugd.edu.mk

Abstract

п
Како критичен период во детството за раст, развој и созревање се смета периодот од првите
1000 дена („1000 златни дена“).
Детето се карактеризира со два фундаментални факти: раст и развој. Растот означува пораст
во големината на различни делови од телото преку умножување на клетките и меѓуклеточните
компоненти за време на почетокот на животот, од фертилизацијата до физичката зрелост.
Промените во големината се исход на три основни процеса: (a) зголемување на бројот на
клетки, или хиперплазија; (б) зголемување на големината на клетката или хипертрофија и (в)
зголемување на меѓуклеточната супстанца или прираснување. Сите овие три процеса се
случуваат за време на растот и развојот, но кој од нив ќе доминира, зависи од возраста и
ткивото кое е вклучено.
Развојот се однесува на зголемување на функционалниот капацитет во перфектна форма која
резултира од создавање на специјализирани ткива од претходните кои се мултипотентни.
Созревањето е уште потешко да се дефинира отколку растот. Често се опишува како напредок
кон зрела состојба. Зрелоста варира кај различните биолошки системи. Сексуалната зрелост е
комплетно функционална кога ќе има репродуктивна способност.
Развојот на детето е постепено одвиткување на биолошки детерминираните карактеристики и
закани кои се појавуваат во периодот кога детето учи од искуство. Во земјите во развој, повеќе
од 200 милиони деца под 5 години не успеваат да го достигнат нивниот потенцијал кој го носат
во однос на когнитивниот и социјалниот развој поради сиромаштија, лошо здравје, исхрана и
недостаток на грижа.
Раниот здрав детски развој вклучува физички, социјални, емоционални и когнитивни домени.
Тоа што се случува во раните детски години има енормно влијание врз детскиот развој во
подоцнежните години од животот.
Факторите кои имаат најзначително влијание се поделени во 10 групи. Најдобро се
прикажуваат со моделот на „рибина коска“:
1. Наследство: Тоа е пренос на физичките карактеристики од родителите на децата преку
гените. Овој фактор влијае врз сите аспекти на детето, како: висина, тежина, телесна
структура, боја на очи, текстура на коса, дури и интелигенција и способност;
2. Средина: Таа игра критична улога во развојот на децата и претставува збир на вкупните
физички и психички стимулации што ги прима детето. Некои од околинските фактори кои
влијаат врз растот и развојот се: физичкото опкружување, географската положба на
живеење, социјалната средина и односите со родителите и врсниците. Развивањето и
одржувањето на позитивни социјални односи (доверба, задоволство, почит, љубов и среќа)
се фундаментални за добар квалитет на животот. Средината има силно влијание врз
когнитивниот развој и интелектуалните достигнувања. Децата, кои имале добри социјални
односи, имаат поголем степен на самодоверба и имаат помали шанси за ментални
проблеми како депресија и анксиозност. Позитивната социјална средина промовира и56
подобро физичко здравје, намален ризик од нарушувања во исхраната, повисока стапка на
вакцинација, намален ризик од адолесцентна бременост, повеќе спортски активности и
слично;
3. Пол: Машките деца, обично, просечно се повисоки и посилни, женските деца имаат побрз
раст за време на адолесценцијата, а машките подоцна созреваат. Физичката структура на
телото се разликува, особено после пубертетот. Постојат варијации и во темпераментот.
Денешните резултати покажуваат слични постигнувања во сите домени меѓу машките и
женските деца особено после адолесценцијата;
4. Вежби и здравје: Се однесува на времето за нормална игра, физичка активност и спорт кои
му помагаат на телото за зајакнување на мускулатурата, коскената маса и подобрување на
отпорноста со намалувње на стапката на алергии;
5. Хормони: Нивното навремено лачење и функционирање е критично за нормален физички
раст и развој кај децата. Нерамнотежата во функционирањето на ендокрините жлезди може
да резултира со проблеми во растот, дебелина, проблеми во однесувањето и други
болести;
6. Исхрана: Таа е критичен фактор во растот затоа што на телото му требаат прехранбени
елементи за раст и обновување. Од друга страна, прејадувањето може да води до
дебелина, проблем на денешното време, и здравствени проблеми заради неурамнотежена
исхрана. Мозокот е под силно влијание на исхраната;
7. Влијание на семејството: Имаат продлабочено влијание во грижата за децата и ги
одредуваат патиштата по кои детето ќе се развива психолошки и социјално. Независно од
кого се одгледувани, неопходна е грижа, нежност, љубов за да се развијат во функционални
единки;
8. Географско влијание: Важно е и каде живее детето. Дури и климата каде што живее може
да се одрази во однос на биоритамот, алергии и други здравствени состојби;
9. Социоекономска состојба: Го одредува квалитетот на можностите што ги добива детето.
Затоа децата од различни социоекономски средини се разликуваат во големина на телото
во сите развојни периоди;
10.Учење и зајакнување: Учењето опфаќа многу поголем сегмент од обрзованието затоа што
детето се изградува ментално, интелектуално, емоционално и социјално за да
функционира како единка во општеството. Овде игра улога и развојот на умот и неговото
созревање. Зајакнувањето е компонента на учењето каде активноста или вежбата се
повторува и рафинира за да се зацврсти наученото.
Човечката фигура и соматотипи
Концепцискиот пристап на William Sheldon во проценката на фигурата, веројатно, се
должи на три различни типа на фигури. Терминот соматотип е користен од Sheldon,
американски психолог, и тој разликува 79 вида на човечки фигури, поделени во три групи, врз
основа на три телесни компоненти на ембрионалните герминативни слоеви: ендоморфен,
мезоморфен и ектоморфен.
Ендоморфниот се однесува на тренд кон предоминација на меки ткива околу различни регии
на телото, особено масивност на дигестивните органи. Мезоморфниот тип се однесува на
предоминацијата на ткива деривирани од ембрионалниот мезодерм: коски, мускули и сврзно57
ткиво. Ектоморфниот тип значи предоминација на површинските регии, мозокот и централниот
нервен систем во однс на масата. Кога се зголемува ектоморфијата, телесната фигура е
линеарна и фрагилна.
Како што може да се заклучи, човечкото суштество е толку многу комплицирано што ниедна
дефиниција не е доволна за да ги опфати сите специфики. Затоа и медицината е
најкомплицираната наука и пракса воопшто.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elizabeta Zisovska
Date Deposited: 13 May 2019 13:11
Last Modified: 13 May 2019 13:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22021

Actions (login required)

View Item View Item