Менаџмент на квалитет во хотелиерството

Mitreva, Elizabeta and Sazdova, Julijana (2019) Менаџмент на квалитет во хотелиерството. 2-ри Август, 2019, Штип. ISBN 978-608-4662-99-0 1

[img]
Preview
Text
za repozitorium.pdf

Download (811Kb) | Preview

Abstract

Во овој труд се презентирани и избрани различни извори од домашната и странска литература и се презентирани многу примери од практиката, со што теоретските ставови во областа на управувањето со квалитетот добија своја практична верификација. За авторите беше особено драгоцено искуството споделено од страна на хотелската индустрија при спроведеното истражување и личните контакти со дел од менаџментот со голем дел од хотелите. Во сублимирањето на трудот авторите се послужија и со голем материјал обезбеден како резултат на долгогодишната работа во оваа област, каде што имаа прилика да учествуваат во работата на бројни стручни и научни собири поврзани со бизнисот на претпријатијата и примената на стандардите за квалитетот во хотелиерството. Убедувањето на авторите е дека книгата е доволно информативна, поучна за разбирање на проблемите, но и поттикнувачка за развој на нови иницијативи. Во таа смисла, таа останува отворена за додавање нови елементи во архитектурата за управување со квалитетот во хотелиерството. Книгата може да послужи и на сите стручни кадри кои се вработени во хотелската и услужна дејност со цел подобрување на квалитетот на производот, деловните процеси и услугите кои ги нудат. Неспорно е дека овој труд како прв обид на авторите за систематизирање на постојните сознанија од оваа област содржи многу недостатоци, за што следи сугестијата од авторите до читателите дека секоја забелешка е добредојдена.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 06 May 2019 09:38
Last Modified: 06 May 2019 09:38
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21982

Actions (login required)

View Item View Item