Импактот на обуките врз мотивираноста на вработените и квалитетот на работата

Janev, Ilija (2019) Импактот на обуките врз мотивираноста на вработените и квалитетот на работата. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Magisterski trud vo PDF.pdf

Download (2734Kb) | Preview

Abstract

Едукацијата на вработените е многу сложен процес и потребна е прецизна имплементација за секоја фаза. Компаниите откриле дека инвестирањето во човечки капитал во форма на обука и развој носи бенефит. Обуката е неопходна стратешка алатка за подобрување на перформансите на вработените, организациите постојано го зголемуваат буџетот за обука на годишна основа, верувајќи дека тоа ќе ги направи поконкурентни. Оние кои ја препознаваат вредноста на своите вработени и ставаат акцент на едукацијата и обуката, како резултат на тоа, стануваат се поконкурентни, успешни и профитабилни. Обуката има важна улога во ефективноста на организациите и на искуствата на луѓето во работата. Стратегија за обука вклучува систематска обука и подобрување на луѓето во организацијата, така што тие можат да ги постигнат своите цели и лични и корпоративни цели. Обуката е чин на зголемување на квалитетот на човечките ресурси, го зголемува човечкиот капитал, чија вредност суштински ја одредува организациската перформанса, го зголемува знаењето и вештините на вработените за вршење одредена работа, а обуката е интегрирана во функцијата на менаџментот со човечки ресурси. Главниот исход на обуката е учењето кое помага да се подобрат перформансите, новите навики, рафинираните вештини. Анализата на потребите за обука е првиот чекор, додека учењето во работната средина претставува кулминација на целиот образовен процес во организацијата, кој се состои од селекција и мотивација на учесниците, планирање и програмирање на едукативни содржини, методи и евалуација . Клучни зборови: менаџмент со човечки ресурси, обука, трансфер на знаење,мотивација, квалитет, задоволство од работата

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 06 May 2019 09:27
Last Modified: 06 May 2019 09:27
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21979

Actions (login required)

View Item View Item