Придонес кон подобрување на својствата на шевот во производство на облека

Golomeova, Saska (2019) Придонес кон подобрување на својствата на шевот во производство на облека. PhD thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

[thumbnail of Doktorat za repozitorium.pdf]
Preview
Text
Doktorat za repozitorium.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Целта на докторската дисертација е испитување на можностите за подобрување на квалитетот на шевот кај ткаенини наменети за производство на лесна женска облека, блуза и фустан, од аспект на јачина на шев и лизгање на шев. Во истражувањето, ткаенините се поделени во три категории според површинската маса и параметрите на шиење. Механичките својства на ткаенините се мерени со примена на систем за објективна евалуација на механички својства, FAST (Fabric Assurance by Simple Testing).
Во конструкцијата на шевот е изведено вградување на термопластични зајакнувачки ленти. Употребени се три вида термопластични ленти прошиени со бодови кои имаат различна конструкција.
Анализирани се поврзаностите помеѓу својствата на шевот, параметрите на структурата на шевот и карактеристичните механички и структурни параметри на ткаенините и извлечени соодветни регресиски зависности.
Јачината на кинење на шевот, работата до кинење и издолжувањето до кинење покажуваат позитивна корелациона зависност со густината на жиците, покривниот фактор и релативната густина. Јачината на лизгање на шев покажува позитивна поврзаност со густината по јаток, релативната густина, издолжувањето на ткаенината до кинење и со должинската маса на шивачкиот конец.
За испитуваната група ткаенини, анализирани се вредностите на карактеристичните механички својства на ткаенините на мали оптоварувања на FAST контролната карта, кои можат да се користат за предвидување на карактеристичното однесување на ткаенините во однос на лизгање на шевот во зависност од позицијата на контролната карта.
Анализата на варијанса покажа дека термопластичните зајакнувачки ленти имаат статистички значајно влијание врз отпорноста на ткаенината кон лизгање на шевот. Со вградување на термопластична лента во конструкцијата на шевот, отпорноста кон лизгање на шевот се подобрува до 47 до 69% зависно од типот на користената лента. Јачината на кинење на шевовите со вградување на термопластичната лента може да се зголеми за 12%.

Клучни зборови: облека, шевови, зајакнување на шев, јачина на кинење на шев, лизгање на шев, ткаенини, термопластични ленти, FAST

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Engineering and Technology > Materials engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Saska Golomeova
Date Deposited: 22 Apr 2019 12:19
Last Modified: 22 Apr 2019 12:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21941

Actions (login required)

View Item View Item