Карактеризација и евалуација на наночестички со PLGA за контролирана испорака на лекови

Drakalska, Elena and Angelovska, Bistra and Sterjova, Marija and Cvetanoski, Daniel (2019) Карактеризација и евалуација на наночестички со PLGA за контролирана испорака на лекови. Фармацевтски информатор (51). pp. 35-39. ISSN 1409-8784

[img]
Preview
Text
ПЛГА-Информатор.pdf

Download (241Kb) | Preview
Official URL: http://www.fk.mk/%d1%84%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1...

Abstract

Испораката на терапевтски активни супстанци до целното ткиво претставува огромен проблем во терапијата на многу болести. Конвенционалната терапија се карактеризира со слаба биорасположивост, намалена ефективност, несакани ефекти и намалена селективност. Со цел да се надминат овие проблеми, како потенцијална стратегија е инкорпорирање на активните супстанци во наночестички. Како носачи на различни видови лекови, наночестичките обезбедуваат контролирана испорака на активната супстанца до целното ткиво, заштита од брза деградација и клиренс и висока терапевтска концентрација. Постигнувањето на оптималната терапевтска концентрација со помош на наночестички во таргет ткивата ја налага потребата и од пониска доза на активната супстанца. Контролирањето на терапевтската концентрација на активната супстанца е од клучно значење за постигнување на оптимални резултати со минимизирани несакани ефекти. Современите методи кои се користат за изработка на наночестици обезбедуваат намалување на димензиите на истите што обезбедува уникатни физичко-хемиски и биолошки карактеристики. Примената на овие методи ги прават нано-структурите едни од преферираните материјали за биомедицинска апликација, со исклучително значење и примена за фармацевтски цели.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elena Drakalska
Date Deposited: 23 Apr 2019 07:22
Last Modified: 23 Apr 2019 07:22
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21925

Actions (login required)

View Item View Item