Надворешна трговија (скрипта)

Miteva-Kacarski, Emilija (2019) Надворешна трговија (скрипта). ISBN 978-608-244-600-4.

[img]
Preview
Text
Skripta Nadvoreshna trgovija Emilija Miteva Kacarski-1-8.pdf

Download (305Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/805

Abstract

Скриптата „Надворешна трговија“ е наменета, пред сè, за студентите на додипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои ги изучуваат предметите Меѓународна економија и Надворешна трговија, но можат да ја користат и сите останати кои се заинтересирани за оваа проблематика. Основната ориентација во излагањето на содржината е идентификување на основните карактеристики на современите економски текови во меѓународната размена, новите правила на кои претпочива мултилатералниот трговски систем, како и важноста на инструментите на надворешнотрговската политика. Во тој контекст, материјалот опфатен во оваа скрипта е поделен на неколку делови: Глава I – Теории за меѓународна трговија; Глава II – Меѓународни економски трансакции; Глава III – Меѓународна трговска регулатива и Глава IV – Инструменти на трговската политика. Во првата глава направена е анализа на теориите за меѓународна трговија, преку чие проучување се настојува да се даде одговор на прашањето зошто земјите тргуваат меѓусебно, односно што е она што го определува обемот, правците и структурата на меѓународната размена. Направена е класификација на теориите почнувајќи од пратеориите како први сфаќања за меѓународната трговија, потоа класичните теории кои биле базирани на многу строги теоретски претпоставки и модерните теории за меѓународната трговија кои ги објаснуваат значајните разлики меѓу реалноста во меѓународната трговија и тврдењата на класичарите. Во втората глава обработени се карактеристиките на четирите видови економски трансакции во надворешнотрговската размена и тоа: меѓународното движење на стоки, меѓународното движење на услуги, меѓународното движење на капитал и меѓународното движење на работна сила. Третата глава е посветена на билатералните, регионалните и мултилатералните аспекти на меѓународната размена, особено потенцирајќи го процесот на креирање на мултилатералниот трговски систем, почнувајќи од потпишувањето на Општата спогодба за царини и трговија па сѐ до неговото институционализирање со формирањето на Светската трговска организација. Во четвртата глава направена е анализа на инструментите на надворешнотрговската политика и тоа царините и нецаринските бариери. Посебен акцент во оваа глава е ставен на нецаринските бариери како најважен регулативен инструмент на трговската политика на многу земји, посебно на големите и развиени економии.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Emilija Miteva
Date Deposited: 09 Apr 2019 11:12
Last Modified: 09 Apr 2019 11:12
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21905

Actions (login required)

View Item View Item