Влијание на флуоридни препарати во спречување на прогресија на дентална ерозија

Longurova, Natasa (2019) Влијание на флуоридни препарати во спречување на прогресија на дентална ерозија. In: Симпозиум со меѓународно учество, ДДДММ Стоматолошко здружение на Македонија „Соврeмени трендови во дентална медицина", 23 March 2019, Skopje, Macedonia. (Submitted)

[img]
Preview
Text
Skopje 2019!.pdf

Download (2471Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Simpozium Skopje.pdf

Download (645Kb) | Preview

Abstract

Терапијата со флуор е повеќе од пет децении столб на превентивни стратегии против почетната реминерализација и намалувањето на растворливоста на емајлот. Заштитните фактори во усната шуплина и имплементација на дополнителни средства како што се флуоридите,био калциум и фосфати, промовираат реминерализација на емајлот. Квалитетот на стоматолошката заштита и современите достигнувања во стоматолошката наука зависат од познавањето на каректеристиките на забите и на основните принципи и механизми кои се вклучени во нивната интеракција со околните медиуми. Токму ерозијата на забите е резултат на интеракцијата на забите со ерозивни киселини кои повеќе или помалку ги има во храната и пијалоците кои секојдневно ги внесуваме. Многубројните литературни податоци и научни истражувања кои нагласуваат потреба од понатамошни истражувања во оваа област не потикнаа и мотивираа да истражуваме кон нови предизвици кои генерираат нови вредности наспроти традиционалниот пристап кон денталните ерозии и емпириски мерки кои кај сите пациенти подеднакво не се ефикасни. Имајќи предвид дека ерозијата се случува на површината и истата ја менува нејзината структура во истражувњата се применуваат поголем број на мерни методи и техники за утврдување и мерење на настанатите промени на површината. Во контекст на споменатото, темата е насочена кон квантитативната загуба на емајлот и дентинот со помош на профилометриско мерење после примена на ерозивен предизвик (експериментално предизвикана ерозија) а потоа примена на различни пасти со флуор.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 09 Apr 2019 12:27
Last Modified: 09 Apr 2019 12:27
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21904

Actions (login required)

View Item View Item