Морфолошки, биолошки и продуктивни карактеристики на пролетниот јачмен (Hordeum vulgare L.)

Petkovski, Nenad (2019) Морфолошки, биолошки и продуктивни карактеристики на пролетниот јачмен (Hordeum vulgare L.). Masters thesis, Goce Delcev University .

[img]
Preview
Text
Magisterski trud - Nenad Petkovski.pdf

Download (2506Kb) | Preview

Abstract

Во овој магистерски труд се презентирани резултатите добиени од испитувањата на пет сорти на пролетен јачмен во однос на нивните морфолошки, биолошки и продуктивни карактеристики. Како експериментален материјал се користени пет различни сорти на пролетен двореден јачмен (македо, ханаду, гладис, скарлет вариети и џозефин вариети) кои имаат различно потекло. Опитите се поставени во текот на 2013 и 2014 година според методот случаен блок систем на површини во атарот на село Петршино, Пробиштипско. За време на испитувањата анализирани се следниве карактеристики: отпорност кон абиотски и биотски фактори, отпорност кон полегнување, број на класови на m2, височина на растенијата, број на зрна во главен клас, маса на 1 000 зрна, хектолитарска маса и принос на зрно. Добиените резултати се статистички обработени со статистичкиот софтвер (Stat Soft 8.0). Со цел да се утврди влијанието на сортата, годината како и нивната интеракција врз приносот на зрно направена е анализа на варијанса (ANOVA) со статистичкиот пакет SPSS Statistics 19. Користејќи го LSD тестот е утвдена најмалата статистичка значајна разлика меѓу сортите за сите анализирани својства. Од добиените резултати се покажа дека сите пет испитувани сорти на пролетен јачмен имаат висок потенцијал за принос и дадоа добри резултати за најважните компоненти на принос. Највисок просечен принос од сите анализирани сорти на јачмен беше добиен од сортата македо (6 844 kg/ha). Оваа сорта покажа и најголем просечен број на класови на m2 (668), најмногу број на зрна во главен клас (22) и најголема хектолитарска маса (68.5 kg/hl). Сортите ханаду и гладис исто така покажаа високи просечни вредности за принос (6 638 kg/ha и 5 841 kg/ha соодветно). Од сортата скарлет вариети беше добиен најмал принос (4 949 kg/ha). Оваа сорта покажа најмало приспособување кон условите во кои беше одгледувана во споредба со останатите сорти. Клучни зборови: пролетен јачмен, принос, компоненти на принос, сорти

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 28 Mar 2019 09:53
Last Modified: 28 Mar 2019 09:53
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21843

Actions (login required)

View Item View Item