Анализа на развојните можности и потенцијали за производнa диверзификација на металната индустрија

Lazarov, Darko and Kocovski, Mitko (2017) Анализа на развојните можности и потенцијали за производнa диверзификација на металната индустрија. [Project]

[thumbnail of Извештај-Комора.pdf]
Preview
Text
Извештај-Комора.pdf

Download (680kB) | Preview

Abstract

Oсновната цел на проектот „Анализа на развојните можности и потенцијали за производн диверзификација на металната индустрија“ e анализа на производните и извозните перформанси и идентификување на развојните потенцијали за производна и извозна диверзификација на металната индустрија. З
а таа цел, најпрво беше направена анализа на извозот на анализираната индустрија на ниво на поединечен производ, при што беа анализирани компаративните предности што оваа индустрија ги поседува. Дополнително, за идентификување на извозните потенцијали беше користена инпут – аутпут матрица која овозможува да се идентификува сличноста помеѓу производи во рамките на анализираната индустрија преку анализа на потребните макро услови (географска локација, инфраструктура, финансиски сектор, деловна и бизнис клима, други компаративни предности на земјата) и специфични производни микро фактори (специфични техничко – технолошки производни процеси и решенија, профили на работници и нивни квалификации, основни суровини и репроматеријали, капацитети за сервисирање на опрема, специфични услуги карактеристички за одредени производни процеси) што се потребни за производство на секој поединечен производ.
На тој начин, преку проучување на т.н „forward“ индустриски врски во ланецот на снабдување и постоечката производна струкура во рамките на анализираниот сектор беа идентификувани произвидите за кои македонската економија има потенцијални компаративни предности и реални економски претпоставки да отпочне да ги произведува.
Добиените резултати од анализата на извозните перформанси на металната индустрија водат кон заклучокот дека и покрај тоа што оваа индустрија има големо значење за македонската економија гледано низ призмата на нејзиното учество во креирање на БДП, релативното учество во вкупниот извоз на земјата, бројот на вработени кои ги генерира и други показатели, сепак, производната и извозната структура се релативно неповолни. Имено, најголем дел од бруто вредност и извозот на оваа индустрија е креирана од страна на неколку производи (феро легури, топловалани челици, и цевки) кои имаат релативно низок степен на финализација и ниво на комплексност. Тоа практично значи дека оваа индустрија се соочува со висока производна и извозна концентрација и ниско ниво на продуктивност.
Практично, сознанијата од добиените резултати од емпириското истражување направено во рамките на овој проект јасно укажуваат на ургентна потреба од иницирање на процесот на извозна диверзификација (зголемување на бројот на извозни производи) и интра-секторска структурна трансформација преку движење од производство и извоз на производи со помала додадена вредност кон отпочнување на производство и извоз на производи со повисока додадена вредност.
Во вториот дел од проектот кој се однесуваше на идентификување на развојните можности беа анализирани репродукциските процеси на произвидите според тарифниот код 72 и 73, при што, беше направена компарација помеѓу постоечката производна и извозна структура на металната индустрија во Република Македонија и групата на производи што во рамките на овој сектор постоечките претпријатија можат да отпочнат да ги произведуваат и извезуваат со компаративни предности.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 21 Mar 2019 13:02
Last Modified: 21 Mar 2019 13:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21828

Actions (login required)

View Item View Item