Економски раст, инвестиции и економска соработка: Емпириска анализа на искуствата на Македонија и Бугарија

Petreski, Goce and Lazarov, Darko and Kostoska, Olivera (2016) Економски раст, инвестиции и економска соработка: Емпириска анализа на искуствата на Македонија и Бугарија. [Project]

[img]
Preview
Text
DL scan01.pdf

Download (361Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
MANU.pdf

Download (540Kb) | Preview

Abstract

Проучувањето на динамиката на економскиот раст и факторите кои го детерминираат, преку анализа на идиосикратските специфики на конкретната земја се исклучително значајни за дизајнирање на економски политики, кои ќе ги таргетираат претходно адресираните ограничувања и ќе овозможат акцелерирање на економскиот раст на долг рок. Во тој контекст, основна цел на студијата е анализа на карактеристиките и специфичностите на моделите на економски раст во Македонија и Бугарија, адресирање на ограничувачките фактори и предизвиците пред кои беа исправени овие земји во периодот на транзиција, истражување на специфичностите на трговската размена и анализа на можностите за искористување на синергетските ефекти преку интезивирање на економската соработка помеѓу двете земји, анализа на специфичностите поврзани со странските директни инвестиции, трансферот на технологија и продуктивноста во Бугарија и Македонија. За реализирање на така поставената цел користен е сет од неколку научно-истражувачки методолошки пристапи: сметковоство на растот, економетрија на растот и компаративна анализа. Резултатите од анализата покажуваат дека моделите на раст од аспект на магнитудата на одделните извори (според производниот, секторскиот и пристапот на побарувачка) кои го движат растот во двете земји се значително се разликуваат. Исто така, резултатите од компаративната анализа на економските перформансите на земји пред кризата и ефектите од кризата покажуваат значитечлни специфичности и разлики во девете земји. Сепак, сличностите на двете економии кои се однесуваат на интезивирање на економската и финансиската интегрираноста кон ЕУ, нужноста од подобрување на институционалниот капацитет и потребата од структурни промени одат во насока дека двете земји имаат слични приоритети и предизвици со кои треба да се соочат во наредниот период, при што, заедничката економска и политичка соработка може да биде користа за двете земји во исполнување на таквите приоритети.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 21 Mar 2019 13:00
Last Modified: 21 Mar 2019 13:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21825

Actions (login required)

View Item View Item