Улогата на ензимскиот цитохром P450 ензимски систем во интеракциите на некои позначајни лекови кои делуваат на централниот нервен систем со пушењето

Aleksandrov, Mihail and Sarafiloska, Elena and Arsova-Sarafinovska, Zorica (2018) Улогата на ензимскиот цитохром P450 ензимски систем во интеракциите на некои позначајни лекови кои делуваат на централниот нервен систем со пушењето. Farmacevtski informator (49). pp. 36-44. ISSN 1409-8784

[img]
Preview
Text
Interakcii na lekovi koi deluvaat na nerven sistem so pusenje-Farmacevtski informator (1).pdf

Download (807Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
article_interakcii na lekovi so pusenje_farm.informator_49_FK_2018.pdf

Download (8Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
trud_naslovna.pdf

Download (172Kb) | Preview

Abstract

Пушењето на цигари може многу да влијае на фармакокинетичките и фармакодинамичките механизми на лековите. Ензимите, индуцирани од пушењето цигари, може да го зголемат ризикот од рак преку зголемување на метаболичка активација на канцерогени. Се верува дека полицикличните ароматични јаглеводороди, кои се наоѓаат во тутунскиот чад, се одговорни за индуцирање на цитохром P450 изоензимите CYP1A1, CYP1A2 и СYР2Е1. CYP1A2 е хепатален ензим одговорен за метаболизмот на голем број на лекови и активирање на некои канцерогени. Потврдено е постоење на генетски полиморфизми кои влијаат на индуцибилноста на CYP1A1, при што висока индуцибилност е заедничка кај пациенти со рак на бели дробови. СYР2Е1 метаболизира голем број на лекови, но врши активација и на некои канцерогени. Цигарите значително ја зголемуваат активноста на CYP2E1, што може да се одреди преку мерење на клиренс на хлорзоксазон. Во некои студии на животни, никотинот ја поттикнувал активноста на неколку ензими, вклучувајќи ги СYР2Е1, CYP2A1/2A2 и CYP2B1/2B2, во мозокот, но е непознато дали овој ефект е клинички значаен. Некои состојки од цигарите како јаглероден моноксид и кадмиум имаат инхибиторен ефект врз активноста на CYP-ензимите што е забележано во in vitro студии и студии на животни, но оваа инхибиција кај луѓето сеуште не е утврдена. Во оваа наша студија е направен преглед на најзначајните фармакокинетски и фармакодинамски интеракции на лековите кои делуваат на централниот нервен систем со пушењето на цигари. Пушењето цигари го индуцира метаболизмот на некои лекови кои делуваат на централниот нервен систем, и кои можат да имаат клинички последици, а тоа се: клозапин, оланзапин, хлорпромазин, флуфеназин, флувоксамин, амитриптилин, имипрамин, фенитоин, фенобарбитал, карбамазепин, метадон и некои бензодиазепини. Пушењето цигари се поврзува со намалена седација од бензодиазепини, најверојатно како одраз на стимулативните акции на никотинот. Влијанието на пушењето цигарите врз ефектотот од терапијата со лекови кои делуваат на централниот нервен систем треба да се земе во предвид во планирањето и пропишувањето на лекови. Цигарите треба посебно да се изучуваат во клиничките испитувања на нови лекови.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Zorica Arsova Sarafinovska
Date Deposited: 14 Mar 2019 13:20
Last Modified: 14 Mar 2019 13:20
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21818

Actions (login required)

View Item View Item