Системи за квалитет и стандарди

Mitreva, Elizabeta (2019) Системи за квалитет и стандарди. Универзитет „Гоце Делчев", Факултет за туризам и бизнис логистика, Гевгелија, 2019, Штип. ISBN 978-608-244-605-9

[img]
Preview
Text
repozitorium.pdf

Download (917Kb) | Preview
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/810

Abstract

Целта и намената на ракописот е да ги подготви студентите да се здобијат со теоретски и практични знаења за улогата и значењето на квалитетот, како и за потребата од усвојување на голем број стандарди за да се биде конкурентен на пазарот. Во сублимирањето на трудот авторот се послужи и со голем материјал обезбеден како резултат на долгогодишната работа во оваа област, каде што имаше прилика да учествува во работата на бројни стручни и научни собири поврзани со бизнисот на претпријатијата и примената на стандардите за квалитет како предуслов за да се опстои на пазарот. Стремежот на македонските компании треба да биде во правец на создавање услови за пласман на македонските производи со повисок квалитет на светските пазари. Тоа ќе се постигне преку реинженеринг на деловните процеси што ќе овозможи унапредување на квалитетот на производите, поголема конкурентност, поголема продуктивност, производство на производи со повисока фаза на преработка, намалување на трошоците и сл. Апстрахирајќи се од чисто теоретски - историски пристап, авторот има за цел да даде компетентен научен осврт, но и свои согледувања а при тоа да не се изземат есенцијалните феномени и појави поврзани со тоталниот менаџмент на квалитет, со едноставна мотивација, да студентите и читателите со ограничен напор, ги осознаат овие феномени кои се во центарот на интересирањето како од теоретски така и од практичен аспект. Книгата може да послужи и на сите стручни кадри кои се вработени во бизнис секторот со цел подобрување на квалитетот на производите, деловните процеси и услугите кои ги нудат. Ја изразувам мојата благодарност до рецензентите за нивните коментари и вредни предлози за подобрување на ракописот.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 28 Feb 2019 08:25
Last Modified: 28 Mar 2019 10:45
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21673

Actions (login required)

View Item View Item