Последиците од економската криза врз процесот на конвергенција и хармонизација на финансиското известување

Kostadinovski, Aleksandar (2012) Последиците од економската криза врз процесот на конвергенција и хармонизација на финансиското известување. Зборник на трудови, XIV. pp. 377-400.

[img] Text
zbornik2012a.kosta.pdf

Download (10Mb)

Abstract

Глобализацијата на пазарите на капитал во последните декади доведе до засилена потреба од развој и спроведување на единствен сет на светски стандарди за финансиско известување. Станува збор за заеднички сметководствени правила со кои би се дефинирала евиденцијата на трансакциите и информациите кои треба да бидат содржани во финансиските извештаи. Со ваквите стандарди на инвеститорите би им било овозможено да ги споредуваат финансиските извештаи на фирмите во различни земји, би се намалиле ризиците со кои тие се соочуваат при донесување на инвестиционите одлуки, а сето тоа би придонело кон намалување на трошоците на капиталот. Единствениот стандард ќе ја подобри распределбата на капиталот преку националните граници, преку помагање на инвеститорите да ги алоцираат своите средства во нивна најпрофитабилна употреба. Унифицираните стандарди исто така ќе ја намалат пристрасноста за домашно инвестирање на слободните средства. Како што бизнисите во светски рамки стануваат се поблиски во своите финансиски и трговски врски, се повеќе се зајакнува потребата сметководствените информации да бидат разбирливи во функција на водење на бизнисите и донесување на инвестициските одлуки.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mirjana Kocaleva
Date Deposited: 27 Nov 2012 08:05
Last Modified: 27 Nov 2012 08:05
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2167

Actions (login required)

View Item View Item