Влијание на техниката на подготовка на гипс врз прецизноста на работниот модел

Arslanov, Hadis (2019) Влијание на техниката на подготовка на гипс врз прецизноста на работниот модел. Other thesis, Goce Delcev Univeristy Stip.

[img]
Preview
Text
orginalen specijalisticki trud Hadis Arslanov.pdf

Download (3466Kb) | Preview

Abstract

За да се постигне максимална прецизност на отпечатокот во заботехничката лабораторија гипсот има особена важност.Со излевањето на гипсот се добива копија од негатив, врз основа на која со излевање се добива позитив, или модел од истиот предмет, кој според големината и обликот во целост го репродуцира оргиналот. Со излевањето на негативот со алабастер – тврд или супер тврд гипс се добива работен модел (позитив). Работниот модел ги претставува точно и прецизно сите параметри на протезното поле, анатомски структури (заби, алвеоларни гребени,оклузо- артикулационите односи меѓу двете вилици, исто така, и забните редици. Основната цел на истражувањето беше да се утврди порозност на гипсот, како работен материјал која ќе бидат во директна зависност од:начинот на подготовка, времетраењето на мешањето на истиот, како и од температурните услови во просторијата. Имено, ова истражување и оформување на специјалистичкиот труд беше со намера да се презентираат различните начини на подготовка и да се увидат потенцијалните можни пропусти како порозност и одронување на делови, коишто од своја страна ќе придонесат понатаму за помал квалитет или можен неуспех на идната протетската изработка. За анализа на гипсот и за неговата експанзија и порозност беа користени најчесто употребуваните гипс-прашоци: бел алабастер гипс, тврд гипс и многу тврд гипс,гумена шолја за мешање на гипсот и апарат за мешање на гипсот под притисок, каде што на крај беше анализирано врзувањето на гипсот под микроскоп. Резултатите покажаа појава на порозност кај првата група на работни модели (од бел гипс) и првата подгрупа (со рачно мешање). Анализата покажа статистички значајна разлика во групите и помеѓу првата, втората и третата група. Хадис Арсланов Специјалистички Труд 6 Од ова истражување може да се донесат следниве заклучоци дека подготовката на гипсот за изработка на работни модели има особен придонес и важност во изработувањето на стоматопротетските изработки, појавата на порозност на моделите изработени од син и жолт гипс која беше минимална има незначителен придонес врз идните студио модели, коишто се изработуваат од бел гипс. Од особена важност е правилната подготовка, почитувајќи ги препораките на производителот, како и правилната техника на излевање на анатомските и функционални отпечатоци

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 26 Feb 2019 10:45
Last Modified: 28 Mar 2019 10:35
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21633

Actions (login required)

View Item View Item