Определување на квалитет и присуство на афлатоксин во млеко од Овчеполскиот Регион

Arsevski, Zoran (2019) Определување на квалитет и присуство на афлатоксин во млеко од Овчеполскиот Регион. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
магистерска - Зоран Арсевски -печатена.pdf

Download (1766Kb) | Preview

Abstract

Овој труд претставува увид на бројот на бактериите и соматските клетки, како и присуство на афлатоскинот М1 (AFM1), како индикатори за квалитет на суровото млеко од Овчеполскиот Регион. За потребите на ова истражување е спроведена анализа на 1320 примероци за присуство на бактерии во сурово млеко, 479 примероци за присуство на соматски клетки во период од јануари 2018 година, до јуни 2018 година и 60 примероци за присуство на афлатоксин М1. Резултатите индицираат дека само 10,45% од мострите од млекото ја задоволуваат националната легислатива и параметрите кои се дадени во истата. Според европските стандарди за квалитет на млеко, присуството на бактерии не го задоволува стандардот, додека параметрите за соматски клетки се на задоволувачко ниво со 95,5%. Присуството на афлатоксин М1 беше предмет на анализа за време на инцидентот со микотоксинот во периодот од март 2013 година, до ноември 2014 година. Мострите беа анализирани за AFM1 со ELISA и со HPLC флуросцентен детектор како конфирмирачки метод. Концентрациите на AFM1 го надминаа максимумот на дозволените нивоа во 2 примерока, а највисоко детектираната концентрација беше 0,58 mg/kg Од направените анализи кај млекопроизводителите кои беа предмет на анализа во овој труд, може да се заклучи дека истите не се придржуваат кон добрата земјоделска пракса, нивото на контаминација на млекото е на високо ниво, што е резултат на: недоволна хигиена, неправилно постапување со млекото после молзење и недоволна едукација на фармерите за хигиената во примарното производство. Клучни зборови: Афлатоксин М1,Афлатоксин Б1, број на соматски клетки, број на бактерии, млеко, ELISA, HPLC-FD

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 21 Feb 2019 11:23
Last Modified: 09 Oct 2019 10:48
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21606

Actions (login required)

View Item View Item