Човекови права

Ananiev, Jovan and Arifi, Besa and Gaber- Damjanovska, Natasa and Lazarova- Trajkovska, Mirjana and Poposka, Zaneta and Cubrik, Slavica (2018) Човекови права. Мисија на ОБСЕ, Скопје. ISBN 978-608-4788-31-7

[img]
Preview
Text
Човекови права.pdf

Download (8Mb) | Preview

Abstract

Целта на книгата со наслов Човекови права е да претставува едноставна алатка која на студентите на правните факултети и стручната јавност ќе им даде насоки во идентификувањето на суштинските елементи и карактеристики на човековите права во рамките на меѓународниот и националниот правен систем, како и на институционалната инфраструктура за нивна заштита на меѓународно ниво. Оттаму, оваа книга претставува една практична рамка која нуди помош на стручната јавност и на студентите во оваа област. Книгата се фокусира на обезбедување на вештини и знаења на идните правни практичари за повеќе права и принципи како што е: правото на живот, забраната на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, правото на еднаквост и принципот на недискриминација, правото на слобода и безбедност, правото на правично судење, правото на приватен и семеен живот, дом и преписка, слободата на мисла, совест и религија, слободата на изразување, правото на глас и правото на правични и слободни избори, слободата на собир и здружување, слободата на движење како и постојниот систем на заштита на човековите права на универзално и регионално, (европско), ниво. Притоа, акцентот е ставен како на теоријата така и на практиката, посебно на судската практика на Европскиот суд за човекови права, Судот на правдата на Европската Унија и националната уставно-судска заштита. Тоа се должи на една едноставна причина дека крајната цел на меѓународната заштита на правата на човекот е нивно спроведување на национално ниво, како и справување со повредата на односното право вклучувајќи го и во нашето општество, со тоа што на жртвите на повредата на правата на човекот им се овозможува да ја бараат правдата преку соодветни и ефикасни правни лекови. За да се постигне оваа цел, идните правници и стручната јавност треба да располагаат со практични алатки и совети за примената на меѓународните стандарди во националното законодавство. Јазикот на кој е пишувана книгата е едноставен, а намерата е да се даде објаснување на концептите и правните институти за избран дел од правата на човекот од корпусот на граѓански и политички права, посебно за оние кои не се специјализирани во областа. Читателите во оваа научна област се воведуваат преку анализа на суштинските елементи на секое од разработените права или корпус на права, и анализа на меѓународните стандарди за нивно почитување, заштита и гарантирање од страна на државата. Книгата изобилува со бројна јуриспруденција, посебно од Европскиот суд за човекови права а во некои поглавја, каде што е релевантно се разработува и практиката на Судот на правдата на Европската Унија како и националната практика на Уставниот суд. Книгата се состои од 12 глави и бројни поднаслови кои ги разработуваат, поделени на следниов начин и тоа: 1. Систем на заштита на човековите права; 2. Право на живот; 3. Заштита од мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување; 4. Право на еднаквост и принцип на недискриминација; 5. Право на слобода и безбедност; 6. Право на правично судење; 7. Право на приватен и семеен живот, дом и преписка; 8. Слобода на мисла, совест и религија; 9. Слобода на изразување; 10. Право на глас и право на правични и слободни избори; 11. Слобода на собир и здружување; и 12. Слобода на движење. Истата не е сеопфатна листа на права на човекот, ниту сеопфатна разработка на односните права. Поради динамичниот развој на правата на човекот, се надеваме дека книгата ќе послужи како водич во оваа научна област за сегашните и идните правни практичари.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jovan Ananiev
Date Deposited: 18 Feb 2019 09:38
Last Modified: 02 Apr 2019 08:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21586

Actions (login required)

View Item View Item