Поимот функција во наставата по математика

Koceva Lazarova, Limonka and Miteva, Marija (2018) Поимот функција во наставата по математика. In: Трет семинар „Математика и примени“, 14-15 Dec 2018, Skopje, Macedonia. (In Press)

[img]
Preview
Text
Prezentacija-PMF,Seminar,L.Lazarova.pdf

Download (582Kb) | Preview
Official URL: http://poim-pmf.weebly.com/tret-seminar-matematika...

Abstract

Совладувањето на поимот функција во наставата по математика во основно и средно образование е од големо значење за разбирање на многу други математички поими и идеи. Поимот функција на учениците може да им биде објаснет со различни репрезентации и модели: визуелни, графички или симболички. Претставувањето на функциите може да биде различно: со геометриски облици, независни-зависни променливи, бројни низи, подредени парови, графици во Декартов координатен систем, бар графови или симболички со f(x). Доколку репрезентацијата на функциите започнува најпрво неформално, со примери од секојдневниот живот и постепено преминува кон формално и апстрактно, дотолку повеќе се олеснува разбирањето на овој важен математички поим. Разгледан е еден реалистичен пристап кон функциите којшто им помага на наставниците по математика да го доближат овој важен поим на своите ученици, за понатаму учениците правилно да го користат не само во математиката, туку и во останатите науки.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Limonka Koceva Lazarova
Date Deposited: 18 Feb 2019 09:38
Last Modified: 13 Aug 2019 09:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21584

Actions (login required)

View Item View Item