Хемиска текстилна технологија

Mojsov, Kiro and Jordeva, Sonja (2018) Хемиска текстилна технологија. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип .

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/763

Abstract

Овој е-учебник настана како резултат на потребата на студентите од IV-та година на Технолошко-техничкиот факултет на студиските програми Текстилно инженерство и Текстил дизајн и менаџмент за совладување на знаењата по предметот Хемиска текстилна технологија. Е-учебникот ќе можат да го користат и студентите од студиската програма Технологија на текстил и облека за предметите Хемиска текстилна технологија 1 и 2. Исто така овој е-учебник можат да го користат и стручњаците кои работат во погоните за доработка на текстилот. Е-учебникот има за цел да им пружи на студентите и стручњаците обемни информации од областа на подготовката, боењето и печатењето на текстилните материјали. Е-учебникот се состои од 10 поглавја. Првите три поглавја се однесуваат на подготовката на целулозните, протеинските и синтетичките материјали за боење и печатење. Четвртото поглавје се однесува на теоретските основи на бои и боење на текстил, ја опфаќа и класификацијата и номенклатурата на боите како и термодинамиката и кинетиката на боењето. Во петото поглавје се разработени помошните средства за боење и начините на нивна примена. Шестото поглавје се однесува на уредите за боење на текстилен материјал во различна форма, како влакна, преѓа, ткаенини и плетенини. Следните три поглавја го обработуваат боењето на целулозните, проетеинските и синтетичките материјали. На крајот во десетото поглавје детално се опишани техниките и постапките на печатење на текстилните материјали. Печатењето заедно со белењето и боењето претставуваат три најважни и најшироки подрачја на облагородување на текстилните материјaли.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Chemical engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Sonja Jordeva
Date Deposited: 14 Feb 2019 06:48
Last Modified: 13 Aug 2019 10:28
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21558

Actions (login required)

View Item View Item