Заштита на приватноста во медиумите (право на приватност)

Majhosev, Andon and Dzamtoska-Zdravkovska, Suzana (2018) Заштита на приватноста во медиумите (право на приватност). Годишен зборник на Правен факултет (8). pp. 108-117. ISSN 1857-8713

[img]
Preview
Text
Zbornik-Praven 2018.pdf

Download (1003Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Sodrzina na godisen zbornik 2018.pdf

Download (510Kb) | Preview

Abstract

Во трудот ќе се фокусираме на односот на медиумите кон приватноста на граѓаните. Честопати, медиумите известуваат непрофесионално кон животот и животните случувања на граѓаните, без разлика дали станува збор за убавата или лошата страна на животот. Тие информираат за човековите судбини, трагедии, семејни болки (смрт, убиства, семејни несреќи, болести), заборавајќи на професионалните стандарди на однесување во таквите околности. Медиумите, во потрага по сензационалност понекогаш известуваат не професионално во однос на почитувањето на приватноста, не водејќи сметка дека со начинот на информирање ја зголемуваат болката и тагата на човекот. Основна интенција на трудот е да укаже на важноста и значењето на приватноста, односно како да се однесуваат медиумите и медиумските работници кога известуваат за приватниот живот на човекот и неговото семејство. Притоа, медиумите мора да се раководат од професионалните стандарди кои упатуваат на тоа дека медиумите треба да знаат да повлечат црвена линија помеѓу приватноста на поединецот и информирањето кое е во функција на јавниот интерес. Во трудот направиме анализа на најважните закони во Република Македонија со кои се штити приватноста на граѓаните од медиумите, а во тој контекст и на одредени категории на лица, пред се детето и лицата со посебни потреби. Клучни зборови: приватност, медиуми, професионален стандард

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 11 Feb 2019 07:56
Last Modified: 13 Aug 2019 10:07
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21555

Actions (login required)

View Item View Item