Превентивната мерка од националната стратегија – едукација, реализирана преку едукативниот караван „Орбит дарува насмевка“

Janevska, S and Carceva-Salja, Sofija and Getova, Biljana (2018) Превентивната мерка од националната стратегија – едукација, реализирана преку едукативниот караван „Орбит дарува насмевка“. In: 1st Congress of Macedonian Association of Pediatric and Preventive Dentists, 18-19 May 2018, Skopje, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Конгрес.pdf

Download (684Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
PDF.pdf

Download (410Kb) | Preview

Abstract

Идеалот на детската превентивна стоматолошка здравствена заштита е да го спречи нарушувањето на оралното здравје, а идеал на секое општество е да обезбеди економски, социјални и политички услови кои ќе овозможат најголем дел од детската популација да живее во благосостојба. За реализација на поставената цел, во РМ од 2008 год. функционира Националната стратегија за превенција на орални заболувања кај деца од 0 до 14 год. Таа содржи пет примарни превентивни мерки, од кои едната е едукација и мотивација за подобрување на оралното здравје кај децата од предучилишна и училишна возраст. Целта е преку насочен,плански и интерактивен процес децата да се стекнат со знаења,навики и вештини за унапредување на оралното здравје. Во 2017 год. во склоп на едукативните активности беше организиран едукативен караван во соработка со компанијата Орбит под наслов „Орбит дарува насмевка“. Караванот беше реализиран во 14 градови во РМ, поточно во 38 основни училишта. Беа опфатени деца од четвртите одделенија. Едукацијата беше реализирана со современи нагледни средства и секое дете доби по една брошура за правилна грижа за орално здравје. Основен момент во остварувањето на стоматолошката здравствена едукација е оценката на нејзината ефикасност. Вреднувањето на ефектите од спроведената едукација го извршивме преку анонимен прашалник пред и по едукацијата. Анализата на резултатите од прашалникот покажа дека поголем број деца по спроведената едукација дадоа точни одговори на поставените прашања. Стоматолошката здавствена едукација е императив за имплементација и на другите примарни превентивни мерки. Децата преку едукација стануваат свесни за штетноста на шеќерите во појавата на кариесот и позитивните ефекти од редовната орална хигиена, редовната посета на стоматолог и употребата на флуориди. Сè за весела безгрижна детска насмевка.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sandra Atanasova
Date Deposited: 07 Feb 2019 08:04
Last Modified: 28 May 2019 08:34
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21523

Actions (login required)

View Item View Item