КултураКултура.Портал

Танцовата претстава „Секвенци – минато, сегашност, иднина“ на Рисимкин изведена во Кина

Танцовата претстава насловена „Секвенци – минато, сегашност, иднина“ на кореографот Рисима Рисимкин беше изведена вчера на сцената на Танцовиот театар во Жијанг конзерваториумот за музика, во кинескиот град Хангџо.

Скопје, 25 октомври 2018 (МИА) – Танцовата претстава насловена „Секвенци – минато, сегашност, иднина“ на кореографот Рисима Рисимкин беше изведена вчера на сцената на Танцовиот театар во Жијанг конзерваториумот за музика во кинескиот град Хангџо.

Настапија петнаесет млади танчери со музика од композиторот Тони Китановски. Костимите беа на познатата кинеска костимографка Бинг Ксианџи.

– Секвенци се приказ на идејата за физичкото тело, поставено во различни временски рамки. Преку интерактивна соработка со танчерите, создадовме слики за минатото, денешнината и иднината, изјави Рисимкин.

По премиерата во Хангџоу, Рисимкин во Пекинг учествува на годишниот состанокот на Танцовата унија меѓу Кина и земјите на централна и југоисточна Европа, во која е член на Бордот.

Во исто време, во Пекинг се одржува фестивалот на Пекингшката акдемија за танц, на кој ќе гостуваат студентите од Катедрата за танц при Универизтетот „Гоце Делчев“ од Македонија. Универзитетот минатата година потпиша договор за соработка со Пекингшката академија за танц, која е највисоката Национална образовна институција за танц во Кина.

Студентите ќе настапат со кореографијата „Егзистирање“ на Рисимкин, дел од програмата на Скопје танцовиот театар. Во делото учествуваат студентите: Тереза Лазарев, Јоваан Зајкова, Сара Цветковска и Бобан Русески. Настапува и танчерката на Скопје танцовиот театар и асистент на УГД Адријана Данчевска, како и музичарите Виктор Филиповски и Владимир Трпковски, кои музиката ја изведуваат во живо.

Рисимкин ќе одржи мастер класови на Пекингшката академија за танц и на Универзитетот Минѕу во Пекинг. рп/сд/

Таг
Back to top button
Close