Начелото на законитост – нужен коректив против арбитрерноста на државните органи во кривичната постапка

Apasiev, Dimitar and Kosevaliska, Olga and Ivanova, Elena (2018) Начелото на законитост – нужен коректив против арбитрерноста на државните органи во кривичната постапка. Годишен зборник на Правен факултет, VIII (8). pp. 54-69. ISSN 1857-8713

[thumbnail of 90. Nacelo na zakonitost (Kosevaliska, Apasiev, Maksimova).pdf]
Preview
Text
90. Nacelo na zakonitost (Kosevaliska, Apasiev, Maksimova).pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Секој национален казнено правен систем е базиран на извесни принципи, кои се плод на неговата правна традиција и кои се оформени врз основа на карактеристиките на правниот и општествено политичкиот систем на државата. Оттука, содржината на правните начела е нераскинливо поврзана и зависна од политичкото уредување и границите на арбитрерност и ограничување на фундаменталните човекови права. Во оваа смисла, кривичното право и кривичната постапка отсекогаш биле зависни од развитокот на политичкиот систем, па оттука и од начелата на казненото право можеме да оцениме дали еден политички систем е
арбитререн или либерален. Современите начела се цивилизациска придобивка од развојот на кривично правната теорија и пракса. Во овој коавторски труд ќе направиме обид да го анализираме начелото на законитост, неговиот историски развиток, неговата имплементација во меѓународните инструменти, во Меѓународниот кривичен суд како и меѓународните ad hoc трибунали, Европскиот суд за човекови права, како и правните последици кои се резултат на неговата примена. Посебен осврт ќе дадеме на начелото на законитост во македонското позитивно казнено право. Имено, принципот на законитост е темелна вредност, човеково право,
но и фундаментален принцип во казненото законодавство. Согласно ова основно начело – нема кривично дело и нема санкција без претходна законска одредба: Nullum crimen, nulla poena sine lege, што всушност преставува гарнација за човековата слобода. Начелото на законитост ги штити граѓаните од арбитрерноста на државните органи, од незаконитото мешање, но има за цел и да осигури правичност и транспарентност на судските власти.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: кривично дело, кривична постапка, ретроактивност, кривичен суд
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 04 Feb 2019 09:02
Last Modified: 01 Apr 2019 13:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21306

Actions (login required)

View Item View Item