Правните аспекти на референдумот за т.н. Преспански договор меѓу Република Грција и „втората страна“ (case study)

Apasiev, Dimitar (2018) Правните аспекти на референдумот за т.н. Преспански договор меѓу Република Грција и „втората страна“ (case study). Годишен зборник на Правен факултет, VIII (8). pp. 5-17. ISSN 1857-8713

[img]
Preview
Text
Prespanski dogovor.pdf

Download (1416Kb) | Preview

Abstract

Трудов што е пред вас произлезе од серијата мои јавни настапи и стручни написи пласирани низ пишаните и електронски медиуми и портали, а кои беа посветени на акцентирањето на неотстранливите правни пречки со кои се соочува октроираниот т.н. Преспански договор (2018) склучен помеѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија – г. Никола Димитров [без овластување од страна на Претседателот на Републиката] и на Република Грција – г. Никос Коѕијас. Во овој труд ќе се задржиме на јуристичка аргументација за причините поради кои контроверзната Одлука за распишување на референдум бр. 08 – 4666/1 (Сл. весник на РМ – 140/18 од 30.VII.2018) за перфидно планираната промена на уставното име на Републиката, донесена од страна на Собранието на РМ, не може да произведе правно дејство, поради директна спротивност со неколку важечки членови од Уставот на Република Македонија (1991), од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните (2005) и од Кодексот за добри референдумски практики (2007) на Венецијанската комисија при Советот на Европа. Ќе биде дадено и научно објаснување на капциозноста и двосмисленоста на самото поставено референдумско прашање, а ќе ги опфатиме и формално-правните и материјално-правните недостатоци во структурата и содржината на оваа мошне спорна собраниска одлука.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 04 Feb 2019 09:02
Last Modified: 01 Apr 2019 13:05
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21305

Actions (login required)

View Item View Item