Колокациите како неидиоматски фразеологизми проследени преку примери од германскиот јазик

Kuzmanovska, Dragana and Mrmeska, Viktorija (2018) Колокациите како неидиоматски фразеологизми проследени преку примери од германскиот јазик. In: FILKO, 26-27 Apr 2018, Faculty of Philology, „Goce Delcev“ University Stip, R.Macedonia.

[img]
Preview
Text
Филко 3- Драгана.pdf

Download (3814Kb) | Preview

Abstract

Колокациите како специфична категорија фрази кои изускуваат познавање од повеќе аспекти на еден јазик, особено кога станува збор за странски јазик, како на пример познавања на соодветни еквивалентни лексеми од јазикот извор во јазик цел и особено големо познавање од културата. Значи колокациите се специфични јазични форми кои се неопходни за една секојдневна комуникација што е всушност главната причина за нашиот интерес во овој труд. Преку овој труд ќе се обидеме да ги дефинираме овие специфични јазични форми, да ги разграничиме од другите специфични јазични форми наречени слободни фрази, да ги воочиме основните проблеми кои се јавуваат кај изучувачите на германскиот јазик како странски јазик, преку ексцерпирани колокации од германскиот јазик и нивни соодветни еквиваленти во мајчиниот македонски јазик. Задачата која сме си ја поставиле со пишувањето на овој труд воопшто не е лесна и едноставна, туку напротив изискува многу труд и внимание, кое ние несебично ќе го посветиме сѐ со цел добивање на поопсежно, продлабочено анализирање на овој проблем. Овој труд ќе го посветиме токму на колокациите како едни од најзастапените јазични форми во секојдневното општење без разлика дали се присутни во писмената или во усната комуникација, а кои се од големо значење за македонските изучувачи на германскиот јазик како еден од најзастапени светски јазици во сите сфери на постоење.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Uncontrolled Keywords: колокации, дефинирање, разграничување, употреба и сл..
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Dragana Kuzmanovska
Date Deposited: 04 Feb 2019 08:52
Last Modified: 25 Jul 2019 10:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21289

Actions (login required)

View Item View Item