Морталитетот од кардиоваскуларните заболувања кај нас и во светот

Zdravkovska, Milka (2018) Морталитетот од кардиоваскуларните заболувања кај нас и во светот. In: Регионална стручно-научна конференција "Социјалните детерминанти и здравјето на населението".

[img]
Preview
Text
2018 - ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ, УГД-ФМН, ШТИП.pdf

Download (2966Kb) | Preview

Abstract

Вовед: Кардиоваскуларните заболувања претставуваат огромен медицински и социо-економски проблем како во развиените, така и во неразвиените замји во светот, при што попримаат размери на глобална епидемија. Тие се водечка причина за морбидитет, морталитет, работна неспособност, апсентизам/одсуство од работа, но и предвремена смртност на работоспособното населени помладо од 60 години. Цел на трудот: Да се прикаже морталитетот од кардиоваскуларните заболувања во Република Македонија во периодот од 2007 до 2016 година; да се прикаже морталитетот од кардиоваскуларните заболувања во различни региони и држави во светот, за кои има податоци во достапната литература. Материјал и методи: Користени се достапните/публикувани податоци од Државен завод за статистика на Република Македонија, Институт за јавно здравје на Република Македонија, ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, Извештаи на СЗО и друга достапна литература од понов датум. Користен е дескриптивниот епидемиолошки метод на работа. Резултати: Во испитуваниот период, најголема стапка на смртност од кардиоваскуларните заболувања во Република Македонија е регистрирана во 2007 година - 613,8/100 000 жители, а најмала во 2016 година – 526,9/100 000 жители. Стапките во нашата земја се нешто пониски во однос на просечната стапка во Европа. Во 2015 година во Европа биле нотирани 85 милиони жители со кардиовскуларни заболувања, од кои, над 11,3 милиони биле регистрирани како нови случаи. Заклучок: Кардиоваскуларните заболувања се и ќе бидат еден од главните јавно-здравствени проблеми кај нас и во светот, заради високиот морбидитет и морталитет. Се јавуваат во сите социјални слоеви, најмногу кај возрасните групи над 50 години, независно од полот, етничката или расна припадност. Клучни зборови: кардиоваскуларни заболувања, морталитет, ризик фактори.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Milka Zdravkovska
Date Deposited: 04 Feb 2019 08:51
Last Modified: 20 Aug 2019 12:58
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21280

Actions (login required)

View Item View Item