Културноспецифични феномени во интерлингвалната комуникација (германски-македонски, македонски-германски)

Marolova, Darinka (2018) Културноспецифични феномени во интерлингвалната комуникација (германски-македонски, македонски-германски). Годишен зборник 2018 - Филолошки факултет, УГД - Штип, 9 (12). pp. 119-128. ISSN 1857-7059

Full text not available from this repository.

Abstract

Предмет на истражување на овој научен труд се културноспецифичните феномени во комуникацијата меѓу говорителите на германскиот и на македонскиот јазик, како припадници на две различни култури. За остварување на оваа комуникација е неопходно солидно познавање на двата јазика и на двете култури. Најчесто како познавачи на двата јазика и на двете култури се преведувачите кои, во својство на посредници, овозможуваат непречен тек на комуникацијата. Културноспецифичните феномени се доста проблематични, затоа што за голем број феномени од изворниот јазик не може да се пронајдат соодветни целосни преводни еквиваленти во јазикот-цел. Оваа проблематика структурно се обработува во рамките на две категории, т.е. како културноспецифични феномени во јазикот, и тоа во лексиката, граматиката и графемиката; и културноспецифични феномени во начинот на комуницирање, каде што посебен акцент се става врз примената на фразеолошките изрази во комуникацијата.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Darinka Marolova
Date Deposited: 01 Feb 2019 10:05
Last Modified: 13 Aug 2019 10:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21231

Actions (login required)

View Item View Item