Извозна диверзификација и модерна реиндустријализација како фундаментални процеси за забрзување на растот на македонската економија

Lazarov, Darko and Azeski, Branko (2018) Извозна диверзификација и модерна реиндустријализација како фундаментални процеси за забрзување на растот на македонската економија. In: Идните предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија, МАНУ, 4-5 Oct 2018, Ohrid, Macedonia. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Prezentacija_MANU konferencija.pdf

Download (1535Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Програма_MANU.pdf

Download (998Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Paper_MANU.pdf

Download (1423Kb) | Preview
Official URL: http://manu.edu.mk/%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%87%D0%BD%...

Abstract

Развојните перформанси на македонската економија гледано низ призмата на клучните економски показатели во пост-транзициониот период воошто не се задоволителни. За илустрација, бележиме бавна и неодржлива динамика на раст проследена со неповолен тренд на де-инудстријализација и технолошко заостанување, недоволен прилив на СДИ без некои позначајни мултипликативни ефекти од постоечките странски компании, ниско ниво на продуктивност и извозна конкуретност, забрзано темпо на задолжување и негативна тенденција на платниот биланс. Во тој контекст, основна цел на трудот е адресирање на причините за лоши економски резултати во последните две декади низ една научна и објективна призма, идентификување на идните развојни можности и потенцијали на економијата, и најважно, понуда на решенија и предлог политики насочени кон динамизирање на економскиот раст. За таа цел, ќе биде користена современа научна методологија базирана на детална дијагностика на постоечкиот модел на раст и проценка на изворите на растот, современи методи за истражување на индустриските перформанси на ниво на поединечна индустриска гранка и извозната структура на ниво на поединечен производ, и систематизирање на успешни практики од светски искуства. Базичната теза на која почива самото истражување е тезата дека долгорочниот економски раст е детерминиран од индустриската и извозната структура на земјата. Имено, земјите кои имаат поголемо учество на индустријата и извозот во БДП со индустриска и извозна структура примарно базирана на производи кои се карактеризираат со поголема комплексност и ниво на софистицираност, се истовремено земји кои имаат поголем капацитет да генерираат високи стапки на раст. Република Македонија како мала отворена економија има само една развојна алтернатива која се однесува на преструктурирање на индустриската структура преку пренасочување на ресурсите од индустриски дејности со пониска додадена вредност кон индустриски сектори, подесектори и производи кои имаат повисока додадена вредност и продуктивност и зголемување на извозната конкуретност. Во таа насока, потребни се економски политики кои ќе го поттикнат процес на модерна ре-индустријализација (зголемување на учеството на преработувачката индустрија во БДП преку пренасочување на ресурсите кон индустриски гранки кои имаат поголема додадена вредност и повисоко ниво на продуктивност) и ќе го забрзат процесот на извозна диверзификација (зголемување на бројот на извозни производи кои имаат повисок степен на финализација во рамките на глобалните ланци на снабдување).

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 25 Jan 2019 10:46
Last Modified: 25 Jan 2019 10:46
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21210

Actions (login required)

View Item View Item