Основи на софтверско инженерство

Koceska, Natasa and Koceski, Saso (2018) Основи на софтверско инженерство. Универзитет ,,Гоце Делчев" - Штип. ISBN 978-608-244-570-0

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/770

Abstract

Терминот „софтверското инженерство“ за прв пат е употребен во 1969 година. Иако оттогаш поминале многу години, сепак софтверското инженерство се смета за релативно млада дисциплина која сè уште се развива. Софтверското инженерство низ годините е управувано од развојот на технологијата и потребата од производство на квалитетен софтвер за краток временски период. Тоа стана една од најважните дисциплини на денешницата, бидејќи влијае на речиси сите аспекти на нашиот живот. Софтверските системи се присутни насекаде околу нас, и благодарение на нив ние сме способни да работиме, да комуницираме, да купуваме, да се забавуваме, да се информираме... побрзо и поефикасно. Без софтверски решенија денес е практично невозможно да се замисли развојот на повеќето индустриски гранки, на медицината, образованието, економијата, бизнисот и сите други поважни области значајни за напредокот на целото општество. Поради сето ова, софтверските инженери се меѓу најбараните ИТ експерти на светскиот пазар, а истражувањата покажуваат дека потребата за нивните вештини ќе се зголемува во наредниот период. Софтверското инженерство се занимава со сите аспекти на софтверското производство, и затоа е директно поврзано и се потпира на дисциплини како што се компјутерските науки, компјутерското инженерство, управувањето со проекти, управувањето со квалитет, ергономијата итн. Зафаќа огромна област што е практично невозможно да се покрие во една книга. Затоа фокусот на оваа книга е ставен на основните, фундаментални аспекти битни за развојот на еден квалитетен софтверски продукт. Посебен акцент е ставен на новите т.н. агилни методологии за развој на софтвер, кои денеска сè повеќе и повеќе се употребуваат, како и на карактеристиките кои треба да ги поседува еден квалитетен софтвер. Освен тоа детално се анализирани и сите фази од развојот на еден софтверски продукт, тргнувајќи од софтверската спецификација, дизајнот, имплементацијата, валидацијата и верификацијата, па се до софтверската еволуција. Овој материјал е наменет пред сè за студентите, од првиот циклус на студии, и ги следи предавањата по предметот Софтверско инженерство на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и има функција да го олесни следењето на наставата. Секако, истиот може да им користи и на студентите од вториот и третиот циклус, но и на сите оние кои се занимаваат со развој на софтверски апликации и кои сакаат да се запознаат со веќе докажаните софтверски методи и техники, за да можат понатаму и практично да ги применуваат со цел обезбедување на квалитетен, ефикасен и одржлив финален продукт. На определени места, текстот е илустриран со цртежи и графикони кои би требало да му помогнат на читателот подобро да ги сфати соодветните теоретски концепти.

Item Type: Book
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Natasa Koceska
Date Deposited: 21 Jan 2019 10:02
Last Modified: 21 Jan 2019 10:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21172

Actions (login required)

View Item View Item