Доајенот на турската книжевност во Македонија–Илхами Емин

Koteva, Ivana and Celik, Mahmut (2018) Доајенот на турската книжевност во Македонија–Илхами Емин. Годишен зборник 2018 - Филолошки факултет, УГД - Штип. pp. 75-82. ISSN 1857-7059

[img]
Preview
Text
Zbornik-2018-br-12-pages-1-575-821.pdf

Download (3155Kb) | Preview

Abstract

Предмет на нашиот интерес при истражувањето кое му претходеше на овој научен труд беше животниот и творечки пат на Илхами Емин, односно неговиот придонес во развојот на турската книжевност во Р Македонија. За таа цел се консултиравме со литературни дела кои нудат многу податоци, односно зборуваат за периодот во кој што живеел и творел „поетот на турскиот народ“. Започнувајќи од неговото раѓање во градот Радовиш, неговите бурни школски години, па сѐ до неговото творештво и успешно дејствување во разни културни области, уште еднаш ја докажуваме неговата голема заслуга за развојот на турската книжевност на нашиве простори. Илхами Емин понесува уште една значајна карактеристика во творештвото, а тоа е билингвизмот. Имено, тој твори и издава паралелно и на турски и на македонски јазик, односно неговите дела се издаваат и во Р Македонија и во Р Турција, затоа можеме да кажеме дека Емин досежно и естетски ги има задолжено и турската и македонската книжевност.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Mahmut Celik
Date Deposited: 15 Jan 2019 15:39
Last Modified: 15 Jan 2019 15:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21140

Actions (login required)

View Item View Item