Превенција и стоматолошки третман на пациенти со епилепсија

Naskova, Sanja and Atanasova, Sandra and Toneva, Verica (2017) Превенција и стоматолошки третман на пациенти со епилепсија. In: Knowledge - International Journal Scientific and applicative papers Vol 20.4, 15-17 Dec 2017, Bansko, Bulgaria.

[img]
Preview
Text
scientific 20.4 - bansko-trud.pdf

Download (8Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
Bansko poster -pdf.pdf

Download (1692Kb) | Preview

Abstract

Епилепсијата е најчесто хронично невролошко нарушување во педијатриската неврологијата. Представува мозочно растројство кое се карактеризира со прекумерно ослободување од невроните кое може да предизвика напади, невообичаени движења на телото и губење или промени во свеста. Можат да бидат присутни минливи епизоди на моторна, сензорна или психичка дисфункција, со или без несвесност или конвулзивни движења. Се покажало дека пациентите кои имаат епилепсија имаат значително полоша стоматолошка состојба од општата популација. Пациентите кои живеат со епилепсија имаат посебни потреби за време на стоматолошки третман. Тие, исто така, треба да имаат редовни стоматолошки прегледи на секои 6 до 12 месеци. Стоматолозите со темелно познавање на овој вид на невролошко нарушување, нападите и лековите кои се користат за нивно лекување можат да обезбедат соодветна стоматолошка и орална здравствена грижа за тие пациенти. За време на стоматолошката интервенција постои можност за повреда на главата, јазикот, усните и образите поради напади. Затоа спречувањето на повредите е примарна и најважна цел на помошта. Исто така значително преовладуваат и фрактури на коските и забите. Ризикот од изгореници кај лицата со епилепсија е значително е зголемен во однос на останатата популација. Стоматологот треба да ги намали причините за конвулзивни напади. Закажувањeто на дентални прегледи кај овие пациенти потребно е да биде во раните утрински часови со редуцирање на директната светлина особено за фотосензитивната форма на епилепсија. Потребно е стоматологот да го намали стресот kaj децата, со менаџирање на однесувањето и техниките на седација. Доколку нападот започне, стоматолошкиот третман треба да се прекине и сите дентални тампони, протези и инструменти треба да се отстранат. На пациентот треба да му се помогне во лежечка положба. Тесната облека на пациентот треба да се олабави. Пациентот треба да се следи за да бидеме сигурни дека не се попречени неговите дишни патишта. Меѓутоа ако нападот трае подолго и продолжи и покрај лековите, пациентот треба да биде испратен во болница. Откако пациентот ќе ја поврати свеста, треба да биде испратен дома да се одмори. Третманот треба да се одложи додека пациентот не се почувствува подобро. Стоматологот треба да даде совети за четкање на забите два пати дневно со мека четка и да употребува паста за заби со флуор. Бидејки четкањето не ја чисти секоја забна површина, денталниот конец е неопходен за вистински чиста уста. Покрај тоа, постои постојана потреба за подобрување на оралната хигиена на овие лица за да се превенира развојот на периодонтални и дентални заболувања во подоцнежниот живот. Се препорачува планирање на дентален третман кај вакви пациенти, избегнувајќи го ризикот за појава на конвулзивни напади и превенирање на повреди во текот на нападите.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Naskova
Date Deposited: 15 Jan 2019 15:10
Last Modified: 15 Jan 2019 15:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21118

Actions (login required)

View Item View Item