Сомелиерство

Micev, Georgi and Metodijeski, Dejan (2018) Сомелиерство. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. ISBN 978-608-244-558-8

[img]
Preview
Text
SOMELIERSTVO.pdf

Download (346Kb) | Preview
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/758

Abstract

Сомелиерството никогаш до сега немало толку важно стопанско значење како денес. Имајќи фундаментални познавања поврзани со лозата, лозовата култура, процесите поврзани со спонтаното и контролираното трансформирање на грозјето во вино, практичните и биохемиските промени во созревањето и формирањето на виното како специфична храна, како и во однос на гастрономијата, медицината и социјалните фактори – сомелиерот има улога на водач кон култура, здравје и човечност. Сомелиерството и, во делови, стручното лице сомелиер може да гарантира сигурност во однос на квалитетот на произведените и понудени вински продукти. Сомелиерот има богата култура и познавања од историјата, археологијата и нивната поврзаност со виното и храната. Тој е способен да направи историски преглед на промените поврзани со природните и индустриските храни, а како резултат на тоа способен е да носи правилни решенија во однос на квалитетот на конкретните современи приготвувани храни и вина. Сомелиерoт има мисија да биде арбитер меѓу производителите на вина и консуматорите на тие вина, создавајќи справедлив баланс при формирање на цените на големо и на мало. Тој е подготвен математички, технолошки и социјално да може да ја докаже точната цена на стоката и таа да одговара реално на нормалните производствени расходи и профитите кои се вложени во вредноста на крајната цена. Преку својата способност да го прикажува и определува квалитетот на едно вино и секоја друга храна, сомелиерот како еден коректен судија може да постави ред во формирањето на цените на определено национално винарство, а од таму и на светското. Денес насекаде постојат произволни и во повеќето случаи неосновани формирања на цени, кои наместо задоволство и здравје при консумација на вина доведуваат до напрегнатост и разболување. Сомелиерството денес е професионална состојба која придонесува за сигурност и здравје во животот на секој нормален човек во времиња на хаос во производството и употребата на добро спакувани храни, кои законски содржат токсични за човечкиот организам состојки. Сомелиерството се јавува како рамнотежа во кулинарскиот и винскиот туризам и може во основа да биде развивано не само како стопанска, но и како човечка вредност. Овој учебник има за цел да понуди сублимирање на литературата и концептите за сомелиерство и запознавање на студентите со можноста тие концепти на најуспешен начин да се применат во областа на туризмот и угостителството во Република Македонија. Во разработката на учебникот, користена е соодветна литература од познати автори и институции од областа на сомелиерството, винарството, лозарството, туризмот и угостителството како и Интернетот како извор на податоци. Учебникот е структуиран на следниот начин: Вовед, Прва, Втора, Трета и Четврта глава. Суштината на учебникот се содржи во четири главни делови. Првата глава, која е насловена: „Дефинирање и развој на сомелиерството“, опфаќа: Дефинирање на сомелиерството, Историски развој, Меѓународни сомелиерски асоцијации, Поврзаност на сомелиерството со останатите индустрии, Опрема и инвентар за сомелиерство и Организација и управување со визбата во ресторан. Втората глава ги опфаќа поврзаноста на лозарството и сомелиерството. Во овој дел се претставени: Поим и дефинирање на лозарството, Историски развој на лозарството, Фактори за одгледување на лоза, Видови на лоза, Начин на одгледување на лоза, Одржување на лозата. Третата глава е посветена на винарството и сомелиерството. Овој дел го опфаќа истражувањето во кое се содржи материјалот поврзан со: Дефинирање и историски развој на винарството, Класично и индустриско винарство, Технологии на производство на вино, Микробиологија на вино, Видови вина, Вински региони во светот, Вински региони во Р. Македонија, Категории на квалитет на вина, Сензорна анализа на вино и Законска рамка за винарство. Во Четврата глава се обработува материјата и поврзаноста на сомелиерството со угостителството и туризмот. Во овој дел се опфатени следните теми: Туристичка индустрија, Начини на подготвување и послужување на различна храна, пијалаци и пури, Декантирање, дегустација и послужување на вино, Комбинирање на храна и вино, Кулинарски туризам и Развој на вински туризам преку винските патишта, музеи и манифестации. Учебникот е наменета за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за подготвување на испитот по предметот Сомелиерство. Содржината на учебникот ја опфаќа потребната материја за предавањата по предметот Сомелиерство, според Наставната програма на насоките: Гастрономија и исхрана во втора година (4 семестар, 8 кредити, 3+2+2 фонд на часови) и Хотелско-ресторанска насока во прва година (2 семестар, 4 кредити, 2+1+1 фонд на часови). Учебникот можат да го користат сите студенти на останатите факултети каде што се изучува предметот Сомелиерство, но и останатите стручни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика. Учебникот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Сомелиерство и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите. Искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на материјалите кои беа неопходни за комплетирање на содржината на овој учебник. Имајќи предвид дека е ова прво издание, ненамерно, можеби, сме пропуштиле некои карактеристики на сомелиерството. Мислењата и забелешките можат да се упатуваат по електронски пат. За сите забелешки, авторите ќе ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на следното дополнето издание на Учебникот. Воедно, искажуваме јавна благодарност до рецензентите проф. д-р Виолета Димовска и проф. д-р Нако Ташков, за корисните сугестии при изработката на учебникот.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 15 Jan 2019 08:55
Last Modified: 15 Jan 2019 08:55
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21092

Actions (login required)

View Item View Item